Ја сакаат во цела Македонија, но на ова место најмногу – Гавазова направи лом во својот роден крај
Клубот повторно беше преполн за нејзиниот настап
По големиот број настапи низ цела држава, Сузана Гавазова деновиве имаше одличен настап и во родната Струмица.
Таа настапи во еден од најпознатите тамошни локали, заедно со маестро Јане Рафаиловски, со кого направија спектакл за паметење.
И како што е општо познато, Гавазова знае како да направи одлична атмосфера, па така беше и овој пат.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Впрочем тоа можеме да го видиме и од видеото што пејачката го објави на својот профил на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Локалот каде што настапи беше полн до последно место, а кога пејачката се појави на сцената публиката беше воодушевена.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Следуваше одлична забава за која Гавзова и овој пат се потруди до максимум, а ги воодушеви сите и со својот изглед.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката и овој пат блескаше
Гавазова за оваа пригода носеше мал црн фустан, асиметричен во горниот дел и со кусо здолниште со кое ги истакна нозете.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката целото издание го зачини со елегантни сандали со високи потпетици со кои само ја нагласи својата моќ на сцената.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа и овој пат издоминира, како со стајлингот така и со настапот, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…