Популарната македонска пејачка славеше роденден посреќна од било кога.
Со насмевка на лицето Адријана откри колку години наполни.
Адријана Кеш како што публиката ја знае македонската пејачка Адријана Ацевска може да се пофали со успешна кариера и хитови без кои не може да се замисли ниту една македонска прослава.
Голема популарност стекна со песната „Кеш, кеш“ која публиката ја запамети уште со првото слушање, а се слуша до ден денес. Оваа песна успева да ја крене публиката на нозе каде и да е.
Токму по оваа песна Адријана го доби надимакот Кеш.
Со музика започнала да се занимава уште кога имала 7 години.
Прво почнала да пее забавна музика, но преминала во фолк естрадата, а денес е една од најбараните пејачки од поновата генерација.
Една е од ретките што освен со глас може да се пофали и со стас.
Својата витка линија Адријана ја одржува со редовно вежбање.
Адријана изгледа посреќно од било кога и тоа се гледа на неа.
На својот Инстаграм профил таа сподели фотографија преку која соопшти дека ѝ е роденден.
Со насмевка на лицето Адријана откри колку години наполни.
„Изгледам како да имам 18 години, се чувствувам како да имам 14, се однесувам како да имам 8. Тоа прави 40 години. Нека ми е среќен роденденот“, напиша таа.
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш