Ја пцујат и навредуваа Тамара Тодевска – еве низ што минува нашата претставника на овогодинешната Евровизија. Срамота!
Тамара Тодевска вечерва настапува на Евровизија со својата одлична песна „Proud“ но на социјалните мрежи веќе некое време добива навреди и пцовки од револтирани Македонци кои не бираат зборови за да ја понижат.
Тамара по генералната проба доби голем број позитивни коментари од љубителите на музиката од целиот свет, а познатиот музички магазин Болборд ја смести меѓу можните победнички на годинешниот фестивал.
Но покрај бројните пофални коментари, на социјалните мрежи во Македонија може да се прочитаат и погрдни зборови, најмногу затоа што ќе настапи под новото име што излезе од „фамозниот“ договор – Северна Македонија.
Револтирани граѓани кои не се согласуваат со промената на името на нашата земја ја напаѓаат на социјалните мрежи, притоа заборавајќи дека и сите претходни претставници не нé преставувале како Македонија, туку под името Поранешна Југословенска Република Македонија.
https://www.instagram.com/p/BxgJZuZgnsG/
Како и да е ние вечерва навиваме за нашата Тамара, и без разлика на тоа кое место ќе освои, сигурни сме дека нејзиниот настап ќе биде брилијантен. Нејзината песна на Јутјуб е една од најслушаните од сите претставници за оваа година, со преку 200 илјади прегледи, а како што вели еден корисник во коментарите „гласот на Тамара е волшебен“.
Па се надеваме дека вечерва ќе не направи сите горди.