Реклама
LIFESTYLEВирално

Ја продава венчаницата за да собере пари за развод: „Опашката на фустанот е подолга од мојот брак”

Реклама

Една гневна жена со својот бесен оглас на социјалните мрежи, насмеа многумина.

Имено, анонимна жена од Манчестер одлучи на невообичаен начин да собере пари за развод од,  како што самата вели, „патолошки лажго”. На продажба, таа ја стави својата венчаница, а кориснците на социјалните мрежи беа воодушевена од хумористичниот оглас со наслов „Катастрофа”.

Маркетинг

Имено, таа нејзината венчаница украсена со деколте во облик на срце, ја платила 899 фунти, а сега ја продава за 450. „Фустанот е со големина 18, и може да одговара на големината на 14/16 и не се направени никакви промени … За разлика од мојот живот”, напиша жената во описот на огласот.

„Би ви препорачал да барате добар хемиски чистач за да се ослободите од сета лоша среќа што доаѓа со неа”, додава таа.

Маркетинг

Таа исто така сподели неколку свадбени фотографии, но, исто така, побара од потенцијалните клиенти да не бараат дополнителни фотографии.

„Не можам да го гледам овој фустан како што не можам да го гледам и мојот поранешен сопруг”, пишува таа.

Таа меѓу другото посочи дека сите пари од продажбата ќе ги употреби за развод. Нејзиниот пост за неколку часа беше споделен  четири илјади пати.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button