Ја предупредуваат, но НЕ сака да ги слуша: кога ќе ја видите нејзината половина ќе ви се згади, а најстрашното допрва следува!
Позната е по тоа што сака да изгледа како Барбика, а сега треба да оди на операција која во Велика Британија е забранете.

Кери Мајлс од Есекс има 34 години и позната е по нејзините бројни пластични операции што ги инаправи за да личи на Барбика. Нејзиниот струк денес има обем од само 53 сантиметри, но Кери очигледно не е задоволна па одлучи да оди на операција на отстранување не ребрата.

За оваа операција што ќе и помогне во намерата да биде првата жива Барбика планира да потроши 15 000 фунти. Со неа половината ќе ја стесни за дополнителни 18 сантиметри така што ќе отстрани шест ребра и покрај тоа што докторите ја предупредуваат да не го прави тоа.

„Може трајно да ги оштети моите органи и да ми предизвика компликации подоцна во животот, но сметам дека треба да ризикувам. Јас сум првата британска жива Барбика и никогаш нема да престанам да се усовршувам самата себеси како би личела на својот идол“, вели Кери.

Таа е опседната со Барбика уште од тинејџерските денови, но дури пред пет години почнала да се облекува како познатата кукла. Денес секоја недела дополнително го стеснува својот корсет и трпи болка поради тесниот струк, а досега два пати го оперирала носот и ги зголемувала градите.
Извор: The Sun



