Реклама
Наши ѕвезди

Ја покажа хуманоста на дело: Сопругот на Јасмина Мукаетова донираше ОГРОМНА СУМ ПАРИ за изградба на парк во Кавадарци

Реклама

Додека настапуваше и професионално се занимаваше со музика, Јасмина Мукаетова беше една од најпопуларните и најангажираните пејачки на македонската сцена.

ФОТО: Јасмина Мукаетова / Фејсбук

Со својот специфичен глас ја освојуваше публиката, па потоа одеднаш ја снема.
Со русата кадрава коса, витката става и ангелскиот глас имаше предиспозиции да стекне балканска кариера. Специфичниот и несекојдневниот изглед на Јасмина ги освои сите.
Пејачката е родена во 1981 година во Кавадарци.

ФОТО: Јасмина Мукаетова / Фејсбук

Нејзиното прво искуство со пеење било на познатиот фестивал Про фест, што се одржа во Пробиштип, каде што од жирито и публиката беше наградена со „најдобриот новодојденец“. Во 1998 година, таа учествуваше во претселекцијата на Македонија за песна на Евровизија – бидејќи во тоа време беше концентрирана на кариера за поп-пеење, сè до 2001 година, кога се трансформираше во пејачка на народна музика. После тоа, во нејзината кариера следуваа многу светски турнеи, како на пример во Германија, Шведска, Швајцарија и Австралија.

Маркетинг
ФОТО: Јасмина Мукаетова / Фејсбук

Во периодот кога сите очекуваа дека ќе почне да го освојува Балканот со песна, таа се повлече. Освен што се повлече одлучи и да си замине од Македонија.
Но, тоа не го стори поради разочараност и борба за егзистенција.
Јасмина имаше убава и црста причина да замине.
Се заљуби и љубовта ја натера да се откаже од сѐ. И покрај завидната карира во Македонија, таа одлучи да направи жртва и да отиде во матичната земја на нејзиниот сопруг.

ФОТО: Јасмина Мукаетова / Фејсбук

Повеќе од една деценија таа живее во Њу Џерси, каде отиде поради нејзиниот сопруг Трајче.
Трајче по потекло е од Кавадарци, а со Јасмина стапија во брак во Њу Џерси во 2008 година.
Оттогаш пејачката целосно се посвети на нејзиното семејство.
Плод на нината љубов се сиовите Диме и Зуко.

Маркетинг
ФОТО: Јасмина Мукаетова / Фејсбук

Таа во едно свое интервју откри дека нејзините синови се доста музикални, свират на пијано и труба, но спека повеќе ги интересира спортот и тренираат фудбал.
Во Америка, Јасмина и нејзиниот сопруг имаат семеен бизнис.
Јасмина и Трајче одлучија да пролават десет години во брак, но во нивни стил, да остане запаметено. Пред три години тие годишнината си ја одбележаа правејќи свадба во еден скопски ресторан.

ФОТО: Јасмина Мукаетова / Фејсбук

На свадбената веселба присуствуваа над 150 гости меѓу кои многу познати македонски пејачи. Најрасположена на свадбата била пејачката Благица Павловска, која неколку пати се фатила за микрофон и запеала.
Со сопругот со кого направија венчавка и во Лас Вегас потекнуваат од Кавадарци, но нивната љубов се родила во Америка додека пејачката била на турнеја.

ФОТО: Јасмина Мукаетова / Фејсбук

Освен што се амбициозни и работливи, тие се и многу хумани.
Инаку, во Кавадарци , родниот град на парот во тек е изградба на нов зелен парк, а дел од средствата за неговата изградба се донација од сопругот на Јасмина.
Оваа вест а „Фокус“ ја потврди и градоначалникот на градот, Митко Јанчев.
Вели дека Ристов донирал 2.500.000 денари, а пак „Кожувчанка” учествува со 1.100.000 денари.

-Новиот парк се гради во склоп на споменикот Киро Крстев и ќе претставува модерна зелена површина со повеќе содржини. Нашиот сограѓанин Трајче Ристов, кој долги години со семејството живее во Америка, даде свој придонес, со цел за убаво Кавадарци – појасни Јанчев.
Она што може да се забележи од фотографиите кои Мукаетова ги објавува на социјалните мрежи е тоа дека пејачката воопшто не е променета. И покрај раѓањето на две деца, изгледа извонредно, а нејзината линија е совршена.

ФОТО: Јасмина Мукаетова / Фејсбук

Во своите интервјуа за македонските медиуми таа изјави дека со сопругот и синовите живеат македонско-американски живот. Вели дека си ги слават сите православни празници, но сепак одлично се вклопиле во американскиот свет.
Македонската публика ја нема видено одамна, но нејзината публика и понатаму е жедна за нејзино враќање на македонската музичка сцена.

ФОТО: Јасмина Мукаетова / Фејсбук
ФОТО: Јасмина Мукаетова / Фејсбук
ФОТО: Јасмина Мукаетова / Фејсбук
ФОТО: Јасмина Мукаетова / Фејсбук
ФОТО: Јасмина Мукаетова / Фејсбук
ФОТО: Јасмина Мукаетова / Фејсбук
ФОТО: Јасмина Мукаетова / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button