Ја одложија венчавката поради коронавирусот: Кети Пери и Орландо Блум ја поместија церемонијата од овие причини
Пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум наводно одлучиле да ја откажат својата венчавка поради страв од коронавирус.
Среќната двојка организирала венчавка и речиси се билоподготвено за да се изговори судбоносното „да“, но поради моменталната ситуација и паниката во светот поради коронавирусот одлучија венчавката да ја одложат зошто таков собир не е безбеден.
„Се беше подготвено за венчавка, 150 гости беа повикани во Јапонија на венчавка. Кети беше страшно возбудена поради сето тоа, посебно кога дозна дека е бремена, но сега се е откажано за некое подобровреме, тврди извор близок до двојката.
Пејачката и актерот се разочарани поради откажувањето на церемонијата, но се сигурни дека донеле исправна одлука.
“Беа пресреќни што конечно ги договорија сите детали за својата совршена венчавка, и тогаш им се случи ова. Утепани се, но направија вистински потег и сфатија дека ќе има и други прилики“, рече изворот.