Ја негувала омилената билка 2 години, кога сакала да ја пресади следувал вистински шок
Кели Вилкс била горда на своето собно цвеќе кое изледало перфектно.
Две години го негувала и редовно го полевала, и го чувала на прозорецот од кујната.
По две години,одлучила дека е време да го пресади. Пронашла совршена саксија, а потоа открила зошто нејзиниот цвет цело време изгледал толку совршено.
– Го извлеков од пластичниот сад во кој гу купив и сфатив дека растението е вештачко. А толку љубов вложив во него. И ги бришев листовите, давав се од себе за да изгледа најдобро, а таа била пластична. Како не го знаев тоа. Се чувствувам дако овие две години да биле лажни – напиша на Фејсбук покрај фотографијата на својата совршена билка и веднаш предизвика лавина реакции.
Нејзината објава стана вирален хит и ја пренесоа бројни медиуми.
-Ова е многу смешно, но не сум сигурна дека ова би го признала неколму. Опа, сега е предоцна – искоментира една жена.