Вести

„ЈА НАПУШТАМ ДРЖАВАТА, СЕМЕЈСТВОТО…“: ЕМОТИВНОТО ЗБОГУВАЊЕ на Никола со МАЈКАТА пред патувањето во Германија трогна многумина!!

Advertisement

Видеото кое Никола го објави вчера, а веќе има над 435 илјади прегледи, е потресно и трогна многумина

Младиот човек од Србија, Никола, на социјалните мрежи објави видео од кое буквално расплака половина земја.

Advertisement

фото принтскрин

Никола Станојевиќ, како што се потпишува на Tik’Tok, се прослави на оваа мрежа поради клиповите што ги снима со својата девојка Наталија.

Најчесто тоа се пародии на меѓусебните партнерски односи, но и на „што се случува кога снаата ќе се пресели кај свекрвата“.

Видеото собра речиси половина милион

фото принтскрин

Двајцата се многу активни, а собраа и голема публика поради нивниот специфичен хумор. Сепак, видеото кое Никола го објави вчера, а кое веќе има над 435 илјади прегледи, е срцепарателно и трогна многумина.

Имено, како што може да се види на видеото на Тик-Ток, тој од родниот Крушевац, како што напиша, заминува во Германија.

фото принтскрин

„И така, ја напуштам мојата земја, моето семејство. Што се не направив за Наталија“, напиша тој во описот на објавата.

Во емотивното видео се гледа како прво се раздели со мајка си, а потоа и со останатите од семејството кои не можеа да ги сокријат солзите.

@nikola_stanojevicc I tako …. Napusti ja moju zemlju .. moju familiju.. sta sve ne uradi zbog Natalije .. #srbija #crnagora #hrvatska #bosna #makedonija #balkan #foryou #foryoupage #natalijainikola #srbijatiktok🇷🇸 #bosniantiktok #hrvatskatiktok🇭🇷 #nikolastanojevic #crnagora🇲🇪 #hrvatska🇭🇷 #bosnia🇧🇦 #srbija🇷🇸 #makedonija🇲🇰 #viral #fyp ♬ Džanum – Teya Dora

А не можеше и самиот Никола, кој откако седна во автобус почна да плаче, исто како мајка му.

Луѓето плачат во коментарите

Иако беше објавено вчера, според деталите од видеото се гледа дека се уште е летно сметање на времето, па не се знае кога е создадено виралното видео.

фото принтскрин

Во коментарите се издвои еден со најмногу интеракции: „Го поминав ова, точно го знам чувството. Многу е тешко, но со тек на време се навикнуваш, се навикнуваш дека ке плачеш секогаш при заминување и збогување со најблиските“, напиша Јосипа, со што сите се согласија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button