Мажот кој утринава беше пронајден со повреди по целото тело на влезот во Здравствениот дом во Градишка, Босна, бил претепан од сопругата, која била приведена на распит во полиција, јавуваат медиумите.
Неофицијално се дознава дека претходно во полиција било пријавено семејно насилство, односно дека 49-годишен маж ја нападнал сопругата. Некое време подоцна, осомничениот насилник стана жртва.
Првите резултати од истрагата укажуваат дека тој прво ја нападнал сопругата, а таа му возвратила. Му нанела повеќе повреди, а потоа го однела до влезот на Здравствениот дом и го исфрлила од возилото. Таму го пронашол портир кој пријавил се во полиција. Му била укажана помош во градската болница, а по телото наводно имал рани од нож.
„Претепаниот одбил да соработува со истражните органи, но оперативната работа покажала дека повредите му ги нанела сопругата. Таа е приведена и случајот во моментов е оквалификуван како семејно насилство“, вели извор близок до истрагата.
Од ОЈО Градишка за АТВ потврдија дека случајот е пријавен и дека се води истрага за расветлување на сите околности на овој настан.