Реклама
Наши ѕвезди

Ја запознал кога имала само 16 години: Пејачот Мишко Крстевски откри како ја освоил сопругата која е вистинска убавица

Реклама

Македонскиот пејач Мишко Крстевски долги години опстојува на македонската музичка сцена, а со својата музика допира до сечие срце.

освен во Македонија, доста е ангажиран и во дијспората, а особено е популарен кај понежниот пол. Жените уживаат на неговите настапи, а тој ги освојува со својот шарм и харизма.

Маркетинг

Освен што одлично пее, тој свири и на инструменти. Како мал започнал да свири на хармоника, а сега веќе свири на гитара.

„На 6 години добив мала хармоника и свирев до седмо одделение.

Маркетинг

Кога имам прилика секогаш имам желба за да засвирам на хармоника.

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

Кај мене дома се слушаше музика, се пееше, моите беа музикални. Пред сѐ народна, староградска, српски староградски, босански, но пред сѐ македонската народна песна.

Како тинејџер со другари направивме бенд и таму свирев на клавијатура. Имав 14 години, а веќе имавме свирки насекаде во градовите“, изјави во интервју за емисијта „Магазин“.

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

Пејачот потекнува од Неготино, но долго време живее во Скопје.

„Сега живееме во Нерези. Ја има истата атмосфера како во Неготино, истиот менталитет. Инаку, ние се преселивме во Скопје за децата средно музичко тука да се запишат, а со цел да бидеме зедно“, откри пејачот.

Неговите професионални почетоци биле н фестивалот Валандово.

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

„Фолк фест Валандово имаше супер реноме во тоа време. Во бившите Ју простори немаше такви фестивали кои ја негуваат народната песна новооздадена во дух на старата песна. Затоа многу звучни имиња што до ден денес ги знаат сите учествуваа во тој фестивал. Од Виолета Томовска, Петранка Костадинова, Блага Петреска, Ефто Пупиновски итн.

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

Имав можам дури да кажам огромна почит кон колегите, затоа што тие тогаш беа ѕзведи. Јас како помлад за мене тоа беше навистина голема работа“, кажа Мишко.

Тој истакна дека според него љубовта е таа која го движи ветот.

„Не постои нешто различно меѓу некоја постара или помлада генерација. Љубовта е алка што ги спојува луѓето. Не мислам дека помалку постои љубовта денес. Секое време си нови свои начини на изразување“, кажа пејачот и откри како ја запознал својата сегашна сопруга.

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

„Во тоа време свиревме игранки. Беше 83-84 година за време на зимски распуст. Во Неготино сиревме на игранка. Супер беше, полна сала. Одеа сите на гости, кај тетка, кај баба. Горе – доле ги знаеме луѓето што идат, но некои што идеа на гости не ги познававме. Јас гледам едно девојче таму стои со некое друштво и ми фати око. Имаше диџеј што пушташе музика, а потоа ние свиревме. Му реков на диџејот да пушти танго, Jenny од Falco и отидов да ја поканам. И така заигравме танго и се запознаме. Таа имаше 16 години, јас 22 и еве до ден денес сме заедно“, кажа пејачот.

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

Тој со огромна љубов зборуваше и за своето родно место.

„Неготино, Кавадарци, Тиквешијата воопшто се познати во цел свет по виното. Има извоз на наши винарии на сите меридијани. Одам секаде во светот и секаде има од нашите вина тиквешките. Традицијата е огромна, луѓето прво сами за себе си прават. Лично мојата фамилија немаше лозје, но моите сите другари имаа. Татко ми беше ветеринар и ние не се занимававме со земјоделие. Но, одев помагав на берење грозје“, кажа Мишко гордо не срамејќи се од било каква работа.

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

Тој е татко на две деца, а од неодамна и дедо.

Неговата внука го носи неговото име – Мишела.

„Супер фунционираме. Не може да помине ден да не се слушнеме. Кирил е во Германија, Никола е во Скопје, но не живеат со нас. Никола, Кате и Мишела кога можат доаѓаат. Мишела е една огромна радост наша. Многу е малечка има само 7 месеци, но многу реагира кога се пее, се свири, таа со внимание гледа и слуша. Гени се во прашање.

И Никола и Кате се музичари. Исто и татко ѝ на Кате свири на хармоника. Така да таа расте со музика“, заврши музичарот.
Мишко.

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

 

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

 

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

 

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

 

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

 

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

 

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

 

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

 

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

 

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

 

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

 

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

 

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

 

ФОТО: Мишко Крстевски / Фејсбук

Поврзано

Back to top button