Ја држел сопругата Ана за рака за време на породувањето: Штом го видел бебето, веднаш си заминал!

Неговиот идеален живот се растури како кула од карти.
Ирецот Гери Мекфи (38) бил среќен сопруг и татко на три ќерки на кои очигледно му се остварил сонот, а тоа било да добие син.
Кога неговата сопруга Ана Дилејни (36) му кажала дека ултразвукот потврдил дека носи машко дете, тој бил пресреќен. Гери веднаш отиде да прослави со пријателите во пабот на традиционален начин.

Меѓутоа, кога дошло време за породување, работите наеднаш тргнале надолу и неговиот идеален живот се распаднал за миг.
Додека тој ја држеше за рака сопругата Ана и нетрпеливо го чекаше раѓањето на синот, неговите три ќерки на возраст од 14, 11 и 7 години беа дома кај нивните баба и дедо. Договорот бил таткото да ги контактира веднаш штом мајката ќе се породи.
Синот се родил, но Гери не можел да поверува што се случува и се онесвести. Бебето беше со темна кожа!
Медицинските сестри во одделението залудно се обидувале да го опорават. Очите на Гери се стемниле, поради што набрзина ја напуштил болницата и отишол кај своите родители.
Следните денови сопругата се обидела да го добие, а успеала дури откако ќерките кои плачеле го убедиле да покаже милост и да се врати дома.

Ана му кажала дека пред девет месеци додека работела во Америка била неверна, односно два месеци била во врска со колегата. Кога се вратила дома во Корк, мислела дека таа е бремена од нејзиниот сопруг, но се испоставило дека детето е од колега.
По два месеци Гери и официјално се разведе од сопругата, со можност ќерките дел од неделата да поминат со него, а другиот со мајка си. Не сака да слушне за нејзиниот син додека е жив.




