Реклама
Наши ѕвезди

„Ја гушнав и гушката сè уште трае“- Игор и Илина слават годишнина, а еве како започнала нивната љубовна приказна

Реклама

Најпознатиот и најпозитивниот пар во Македонија денеска слави годишнина од нивната врска.

Познатиот шоумен и водител Игор Џамбазов и ликовната уметница, скијачка и планинарка Илина Арсова денеска ја слават првата годишнина од нивната врска, односно една година откако се заедно.

Игор на свој уникатен начин се огласи на Инстаграм и напиша дека по само две недели дружење почнале врска.

Маркетинг

-Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: „А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?“ Излеговме од „Ланусот“ и … ја гушнав. Гушката сè уште трае …, напиша Игор Џамбазов.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстгарам

И додека Џамбазов најмногу визуелно ужива во убавините на природата, Илина верна на своите спортски навики и начинот на здрав живот, не ги пропушта своите физички активности.

Маркетинг

Игор често споделува фотографии и кратки видеа од својата девојка и се фали што се таа може да направи.

ФОТО: Игор Џамбазов/Инстгарам

Од уметнички слики до искачување планини и кревање на вратило, Илина има талент за сѐ, а Игор не крие дека е горд на неа.

И нема да претераме ако кажеме дека љубовта на Игор и Илина е нешто најубавото што се појави во ова лудо време.

Тоа е една од оние светли точки која ни дава надеж дека на крајот од тунелот секогаш има светло.

Имено, тоа дека меѓу Игор и Илина има многу повеќе од другарство беше јасно откако еден на друг почнаа јавно да ги коментираат објавите на Инстаграм и да оставаат пораки под нивните фотографии. Сепак првиот знак дека помеѓу нив можеби има нешто повеќе од пријателство, беше кога Илина под едно видео што го објави на својот профил на Инстаграм, повторно од едно планинарење, од кањонот му испрати поздрави директно на својот „лавер бој“ Игор.

Тоа дека љубовта им цвета покажаа и со фотографиите од кои можеме да видиме како уживаат во прекрасните предели на Македонија. Тие и двајцата се авантуристи и обожаваат да ги истражуваат убавините на нашата прекрасна земја.

Џамбазов во една пригода во врска со бракот кој за жал не траеше многу долго ќе изјави дека не му недостига само таа како личност, туку и начинот на животот што го имале, пријателите, патувањата.

„Ми недостига заедничкиот живот, утринското кафе со некого, заспивањето со некого … Но, во следниот живот можеби ќе знам да се справам со жените, во овој не успеав како што треба“ изјави Игор во една пригода за „Бекстејџ.“

Но по се изгледа дека Игор е на добар пат да научи како да се справи со жените.

Па дали тие навистина планираат наскоро да застанат на лудиот камен, ќе покаже времето.

Поврзано

Back to top button