Ја гази четвртата деценија, а изгледа како момче – македонскиот пејач со стомачни од милион долари
Тој е еден од најзгодните пејачи од Македонија...
Воопшто се нема променето од почетокот на својата кариера, а стомачни мускули како неговите посакува секој маж.
Кон крајот на 90-те пејачот Адријан Гаџа беше доста популарен и активен на македонската музичка сцена.
ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа
Тој беше нашиот Џастин Тимберлејк, а девојките беа „луди“ по него.
Во тоа време беше единствен кој освен што одлично пееше, фантастично танцуваше.
ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа
Неговите настапи секогаш беа осмислени со кореографија.
Заедно со Врчак и Тамара, Гаџа настапи и на Евровизија со песната „Let me love you“.
ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа
И покрај големиот успех кој го постигна на македонската музичка сцена, Адријан одлучи да се повлече и кариерата продолжи да ја гради на албанската сцена.
Денес работи нешто сосема поинакво.
Гаџа отвори ресторан во скопската населба Тпанско Поле.
ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа
Ресторанот изгледа светски и постојано е полн со гости.
Адријан е активен и на социјалните мрежи, каде најмногу споделува фотографии од себеси.
ФОТО: Инстаграм / Адријан Гаџа
Овој пат ги изненади своите фанови и го покажа своето вајано тело.
Иако набрзо ќе ја раситни петтата деценија од животот, Адријан изгледа како момче, а неговите стомачни мускули се сон на секој маж.