Реклама
MAMAДом и семејство

Јас сум мајка, но ме викаат и стара понекогаш ме викаат и по име…

Реклама

Јас сум мајка, но ме викаат и стара понекогаш ме викаат и по име некогаш ме туркаат од себе.

Понекогаш и едно плачење ќе биде доволен знак дека сум потребна. Да бидам тука. Ќе бидам будна и 24 часа на ден. Тука сум загрижена, да не ми падне детето и да не се повреди. Ќе го галам, бакнувам и прегрнувам. ќе менувам пелени, ќе ги бакнувам тие малечки стапала, ќе лаеме како куче. ќе ѝ раскажувам бајки, ќе танцуваме додека пееме и ќе пееме додека танцуваме….

Маркетинг

Заедно ќе откриваме нови улици и нови предели. Ќе го учам да не го допира шпоретот, штекерите и останатите опасни работи. Ќе го учам и ќе се надевам дека сум успеала да го научам нешто. Ќе ја делиме храната.

Ќе се возиме со автобус. Со воз. Со автомобил. Ќе летаме со авион. И ќе летаме на крилјата на фантазијата. Ќе учиме за животот. Љубовта. Среќата. И што е најважно од сѐ, секој момент ќе го споделуваме со тато. Нашиот најмил. Затоа што кога тројцата сме заедно, сѐ е поубаво. И полесно.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button