Јас сум жената која од битката со коронавирусот излезе како победник: Ана (42) открива што и го спаси животот
Aна (42) ни раскажа својата приказна и како успеала да го победи опасниот вирус.
Седев во својата дневна соба кога заѕвони телефонот и се слушна порака која гласеше: „Јавете ни се што поскоро“. Пораката дојде од болницата во која се тестирав од коронавирусот. Во тој момент знаев дека резултатите се позитивни.
Денеска сум добро, се уште повремено кашлам, но оваа турбулентна фаза од животот завршува. Сакам со сите да ја споделам оваа приказна за помалку луѓе да бидат заразени. Ги следев сите упатства на лекарите и советите и благодарение на нив денеска се чувствувам подобро.
Вака почна се. Кон крајот на февруари бев на ручек во еден ресторан каде што мислам дека го фатив вирусот. Се потврди дека јас и уште двајца луѓе кои беа со мене се позитивни на овој вирус. Нивните симптоми беа благи, но во мојот случај, ситуацијата беше малку полоша.
По 2 дена од тој ручек се разбудив со болки во грлото и главата, не можев ни на работа да отидам. Неколку часа подоцна добив и блага температура. Првата помисла ми беше дека имам грип па затоа испив лек за снижување на температура, но не ми беше воопшто подобро.
Дури утредента се посомневав на коронавирусот и отидов во амбуланта да направам тест. Единствено мислам дека најпаметно ќе беше да отидам на лекар истиот ден кога почувствував дека не ми е добро. Ве советувам на сите тоа да го направите ако забележите и најмал симптом. Откривање на време е половина оздравување.
Кога тестот покажа дека сум позитивна на вирусот, следен чекор беше заминување во карантин од 14 дена. Првите 72 часа се клучни. Доколку не се изложувате на дополнителен ризик, ја смалувате шансата симптомите да се влошат, но и да ги заразите другите луѓе.
Имам сопруг и две деца кои исто така веднаш отидоа на тестирање, но за среќа не се заразени. Од нив бев целосно изолирано додека лекарите не ми дозволија повторно да бидеме во иста просторија.
Паметното постапување ги спаси и нив од овој вирус. Се уште не се гушкаме, а миењето раце почесто е задолжително. Знам дека тоа во голема мера го убива вирусот.
Застрашувачки беше тоа што во некои моменти не можев да дојдам до здив. Среќна сум што се оправив и им благодарам на лекарите за сите совети кои ми ги дадоа и негата што ми ја пружија.
Морам да нагалам дека генерално сум здрава личност, па моето тело успеа да се одбрани само од себе со засилен внес на витамини. Сакам да апелирам до постарите лица и луѓето кои имаат здравствени проблеми да не се изложуваат на можноста да заболат од вирусот. Излегувањето од дома во овој период не е неопходен, заштитете се на време. Сите треба да направиме најмногу што можеме за да ги заштитиме другите.
Морам да признаам дека периодот на изолација беше тежок, но со поддршка на другите луѓе успеав да го надминам тоа се. Со сопругот со часови разговарав на телефон за времето побрзо да ми помине.
Ова го сфаќам како голема живтна лекција дека здравјето секогаш треба да ни биде на прво место. Нема ништо поважно од здравјето, чувајте го навреме.