Реклама
Наши ѕвезди

Јас правам музика прво мене да ми се допадне, па потоа на публиката – три девојки го „мачат“ Џокер во новиот спот

Но краетивците како Џокер не мируваат, додека си играл со синчето тој создавал и музика

Реклама

Малиот Киан пркна, па мама и тато можат да се фрлат на работа.  Додуша пејачката Антониа Гиговска не застанува, таа е и повеќе од активна. Создава нова музика, висозаписи, постојано е на настапи и на гостувања по емисии.

Тато Роберт Спасенцовски -Џокер, очигледно се посвети на новата улога и максимално помагање околу бебето.

Маркетинг

Ќе се потсетиме што кажа Антониа во интервју за Гламур.мк.

ЏОКЕР менува пелени од прв ден, тој е одличен татко и сопруг – искрено со АНТОНИА

Маркетинг

За пофалба се ваквите татковци!

Но краетивците како Џокер не мируваат, додека си играл со синчето тој создавал и музика. Веќе излезе неговата најнова песна со спот. Џокер не би бил Џокер доколку повторно не ги „запали“ социјалните мрежи со неговиот најнов музички проект, а овојпат тој е насловен „Сол на рана“.

Како и со неговите претходни песни и видеоспотови, така и овој пат младиот и талентиран музичар Џокер предизвика реакации на социјалните мрежи, па така во коментарите на објавите може да прочитате и позитивни и негативни забелешки.

Тој е познат по тоа што умее да ја „исповоцира“ јавноста. Но, едно е повеќе од јасно, за вкусови, особено музички не се дискутира, некому може да му се допаѓа, некому не.

Еве дел од коментарите:

 

„Јас правам музика прво мене да ми се допадне, па потоа на публиката. Можеби е себично, но која е поентата да создавам музика која мене не ми се допаѓа. Ова е еден можеби би рекол нов правец, нешто што не можеме го слушнеме на нашата естрада. Со други зборови, сакам да сум различен од останатите – изјави накусо младиот Џокер.

Инаку песната, односно музиката, текстот и аранжманот се негово дело, додека пак на спотот како режисер се потпишува Горан Симјаноски.

Во спотот покрај Џокер се појавуваат неколкумина музичари и три згодни девојки во провокативна облека… Трите девојки го мачат со јаже, ланци… а тој не може да се одбрани.  Погледнете што се случува на крајот, ова е едно модерно филмче.

Погледнете го спотот за „Сол на рана“ којшто веќе ниже прегледи:

 

Фотографиите се приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button