Наши ѕвезди

Јасно е од кој ја наследила убавината: Мајката на нашата пејачка ВООДУШЕВУВА со изгледот – еве како изгледа (фото)

Advertisement

Македонската пејачка и нејзината мајка си личат премногу, па многоумина мислат дека се сестри, а не мајка и ќерка.

Advertisement

Викторија Лоба е родена во Таганрог, Ростовска област, Русија на 17 октомври 1988 година. Подоцна, на свои 8 години, со семејството се преселува во Скопје.

Во музичките води запловува уште на најрана возраст, а во 2003 година во дует со Марија Арсова беа првите девојчиња што ја претставуваа Македонија на Детската Евровизија со песната „Ти не ме познаваш“, кога освоија 12 место.

Викторија има искуство и како глумица. Во 2007 година таа ја играше главната улога во драмата Лолита од Набоков, во македонскиот драмски театар.

Викторија е една од најубавите македонски пејачки, и е вистинско освежувае со нејзиниот егзотичен изглед.

Освен генетикта, за нејзиниот феноменален изглед се задолжени напорните тренинзи. Пејачката навистина многу се грижи за својот изглед, а тоа се гледа по нејзините тонирани мускули, како и совршена кожа и тен.

Но, гени се гени

Таа има и од кого да ја наследи својата убавина.

ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм

Пејачката е доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии и со нејзината мајка.

Она што може да се забележи е тоа дека нејзината мајка Татјана Лугатова изгледа предобро за своја возрас, па луѓето добиваат впечаток дека ѝ е сестра на пејачката.
Лоба во една прилика откри дека многу сака своето утринско кафе да го пие со нејзината мајка.

ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм

Инаку, Тања која порано живеела во рускиот Тагнорог е спортски тип на жена, а еден период работеше како тренер во пливачкиот клуб Карпош.

Благодарение на спортот, таа се уште се држи одлично што можеме да го видиме и од нивните заеднички фотографии.

ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм

Инаку, Викторија Лоба наскоро ќе заплива во брачните води. Популарната пејачка го прифати предлогот за брак на бизнисменот Ѓорги Калешов.

За „Бекстејџ“, 30-годишната македонска ѕвезда го покажа свршеничкиот прстен.

ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм

Викторија и Ѓорѓи долги години претходно беа во врска, која ја криеја од очите на јавноста.

Лоба на социјалните мрежи истакна дека официјализирањето на врската со брак не е толку важно за неа колку поврзаноста со партнерот.

„Јас имам изградено став за семејството. Мојот став е дека кога две индивидуи ќе се сплотат во едно на емотивно, духовно и секакво можно убаво ниво, тогаш тие стануваат семејство. Потписот, како што сум кажала, никогаш не ми бил важен, е само формалност за еве да направиме некоја забава за сите наши најблиски и така натаму… Кога ќе дојде време за славење, ќе бидете сите повикани“, рече таа.

ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм

Поради пандемијата, Ѓорѓи и Лоба мораа да ја одложат свадбената церемонија.

ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм

ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм

ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм

ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм

ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button