Вирално

Јасмина повеќе не работи во погребното – таа стана сирена и заработува 7000 денари на час, а боледува од ретка болест

Advertisement

Ја напушти работата во погребното претпријатие и стана сирена. Планира да го прави тоа се додека не заврши во инвалидска количка

Advertisement

Јасмина Силс има 28 години и до неодамна работеше во едно погребно претпријатие во Басингсток, Англија. Но таа реши да ја напушти оваа работа и стана професионална сирена.

Оваа прилика и се укажа потполно случајно, а сé започна бидејќи беше незадоволна на работа и често плакала.

Advertisement

Прв пат видела сирена кога била на музичкиот фестивал „Бестивал“, кој се одржува на југот на Англија.

„Таму беше таа девојка и изгледаше навистина интересно. Зборував со неа и мислев зошто да не се обидам и јас. Тоа беше одлука што го промени мојот живот“, изјави Јасмина за познатиот британски портал „Метро“.

Таа тренира два пати во неделата, па сега здивот може да го задржи и до две минути и 35 секунди. Вели дека тоа воопшто не е лесна работа. Настапува на разни родендени и фестивали, а заработува нешто повеќе од 100 евра за еден час.

„Кога тренирате морате да знаете како да го контролирате дишењето и отчукувањето на срцето за да можете под вода да правите разни пози. На почетокот делува многу неприродно, но колку повеќе го правите тоа, толку ви е полесно. Навистина е забавно и креативно“, изјави Јасмина.

Инаку Јасмина има фибромиалгија, болест во која главните симптоми се хронична болка во мускулите, лигаментите и тетивите, а проследена е со замор, пречки во спиењето и потешкотии во помнењето.

Ова е единствениот спорт со кој Јасмина смее да се занимава и да не чувствува болка, а додава дека ова ќе го прави се додека не заврши во инвалидска количка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button