Реклама
CelebrityИнтервју

Јана Стојановска: „Мајчинството ми објасни каква сум ама пуштено на најјако“

Реклама

Минатата година за прв пат се оствари во улогата на мајка. Актерката Јана Стојановска која потекнува од актерско семејство заедно со кошаркарот Андрија Бојиќ го имаат синот Ненад, кој името го носи по нејзиниот покоен татко- актерот Ненад Стојановски. Таа за себе вели дека е ужасна мајка. Во интервју за Гламур.мк зборува за мајчинсвото, детството, актерството…

Кој е предизвикот да се биде актер?

Мене тоа Да се биде актер ме затекна уште од раѓање, дома. Живеам со тоа откако знам за себе. Сепак искуството отвара нови и нови слоеви предизвици со секој нов лик. Сфаќам дека животното искуство е еден од клучните фактори да разбереш еден лик ставен во одредени околности, дадена ситуација. Да препознаеш дел од себе и да го споиш со него така умешно како што најдобрите шивачи умешно спојуваат едно парче материјал со друго, како што се спојуваат едни инструменти со други во хармонија за да се создаде едно уметничко дело.

Пред извесно време, станавте мајка, како се снајде Јана во новата улога?

Како мајка сум ужасна, сите околу мене ми велат дека претерувам, посесивна сум и ми недостига кога нема да го видам повеќе од половина час. Не знам дали е до хормоните или до мене како карактер ама моето внимание во периодов има само еден предмет на фокус а тоа е моето потесно семејство на чело со Ненад.

Маркетинг

Да можев да гледам во иднината и да видев каква ке бидам пред две години ќе се шокирав и мнооогу ќе се смеев со неверување. Од друга страна си велам – па добро , таква сум за се за што ке се нафатам , заљубам посветам. Мајчинството ми објасни каква сум ама пуштено на најјако.

Какво бебе е синот Ненад?

Па не знам какви се другите деца, како што кажав , не сум некој дечар ама Ненад е моето чудо. Се гледам себеси во него, го гледам и татко му во него, ги гледам и гените од баба му и дедо му и едните и другите. Едните ги сакам, другите исто така бескрајно ги засакав за многу кратко време. Ги гледам и прабаба му и прадедо му и само се надевам дека ќе успеам како родител да ги поттикнам најубавите дарови што ги носи во себе.

Маркетинг

Размислувате ли што ќе биде Ненад, глумец на мама или кошаркар на тато?

Што се однесува до изборот на неговата професија ќе кажам нешто што ми го кажа татко ми кога прв пат изјавив дека сакам да бидам глумица. Ќе направам се што е во моја моќ , што и да избере да му помогнам да биде среќен и добар во тоа за што ќе се определи. Ќе го поддржувам кој и да биде неговиот избор. Сепак, верувам дека тоа да биде глумец и кошаркар или дури и пејач не мора да го исклучува едното од другото. Засега тоа се само фантазии, времето ќе си каже како ке биде.

На кој глумец најмногу се восхитувате?

Не знам како може да се определам за еден глумец. Фантастични ми се и Шон Пен и Ентони Хопкинс и Едвард Нортон. Своевремено бев заљубена во Бред Пит и тоа не затоа што е лепотан туку затоа што е еден од најдобрите 10 глумци на планетава. Последна и ненадмината филмска љубов ми е Том Харди со целата своја животна приказна и сите генијални филмски остварувања

Омилена филмска реплика?

“This is the beginning of a wonderful friendship “- „Ова е почетокот на едно прекрасно пријателство“

Која улога сакате некогаш да ја одиграте?

Улога што би сакала да ја одиграм е “Дон Жуан”. Знам дека е чудно ама чувствувам дека ликот може да добие фантастична боја ако го свртиме од женска перспектива

Што ќе беше Јана, доколку не беше актерка?

Ако не бев актер ќе бев три работи. Или пејач, или професионален јавач ( equestrian) или шофер, обожавам да возам.

Каков е ликот на Јана кога не се наоѓа на сцената?

Ликот Јана учи и се гради секој ден. Со пријателите пријател, на работа професионалец, по дома напорен организатор ама и нежен и посветен партнер и родител. Се трудам да живеам со радост, страст и благодарност во секој нов ден. Да негувам здрави вредности и да ги почитувам сите како што очекувам да бидам почитувана.

Најдраго сеќавање од детството?

Секогаш со радост се сеќавам на семејните одмори особено во Трпејца, детските игри со сестра ми и сите животни што се обидувавме да ги спасиме, беспрекорните ручеци на мајка ми и спремањето на монолози на татко ми во нашата трпезарија. Песните што ги пеевме со татко ми додека ме возеше накај хиподром и се што се случуваше на тој хиподром што го чувствував како втор дом. Сите чувства после секоја нова прочитана книга…. има уште многу.

Кој е јунакот од вашето детство?

Јунакот од моето детство е бескомпромисно татко ми.

Неостварена желба?

Да одам на море летово , хахахахха, од малите желби. Од големите сеуште копнеам по некоја улога во некој добар Англиски историски филм или серија, сеедно.

Покрај тоа што одлично глумите, одлично и пеете, за која песна би кажале дека ви е лична карта?

Се поистоветувам со еден фантастичен валцер , се вика “free as the wind”,  во него се пее за тоа како човек треба да биде слободен. Слободата може многуслојно да се истражува. Верувам во слобода и во среќата што таа ја носи.

Кое е вашето Животно мото?

Прави се што чувствуваш дека треба да направиш без да се плашиш од осуда од било кого, се додека не се повредуваш себеси и другите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button