Реклама
BEAUTYНега и здравје

Јадењето три или повеќе јајца неделно, може да предизвика прерана смрт, тврди студијата

Реклама

Со години се дебатира: Дали јајцата се добри или лоши за нашето здравје? Па, се чини дека конечно имаме одговор на тоа прашање. И тој нема да ви се допадне.

Имено, луѓето кои јадат три или четири јајца неделно, или околу 300 милиграми холестерол дневно, имаат поголем ризик од срцеви заболувања и (предвремена смрт) од оние кои јадат помалку јајца, откриваат новото истражување.

Маркетинг

“Јајцата, особено жолчките од јајце, се главниот извор на холестерол во храната”, пишува Виктор Џунг, главен автор на студијата и постдокторант на Одделот за превентивна медицина на Универзитетот на Медицинскиот факултет во Чикаго.

Во една студија објавена во медицинското списание “ЏАМА”, тој и неговите колеги забележаа дека едно големо јајце содржи околу 186 милиграми холестерол.

Маркетинг

Истражувачите ги испитуваа податоците од шест американски студиски групи, вклучувајќи повеќе од 29.000 луѓе.

Во текот на периодот на следење, се случиле 5.400 кардиоваскуларни настани, вклучувајќи 1.302 фатален и нефатален мозочен удар, 1.887 случаи на фатална и нефатална срцева слабост и 113 други смртни случаи поради срцеви заболувања. Останатите 6.132 учесници кои беа опфатени во оваа студија починаа од други причини.

Конзумацијата на дополнителни 300 милиграми холестерол дневно е поврзана со 3,2% поголем ризик од срцеви заболувања и 4,4% поголем ризик од предвремена смрт, покажа анализата на податоците на Џунг.

Сепак, сите експерти не се согласуваат со овие заклучоци.

Викторија Тејлор објасни на Научниот Медиа Центар дека “овој тип на студија може да покаже само асоцијација, а не причина и ефект, и потребни се повеќе истражувања за да се разберат причините кои стојат зад оваа теорија”.

Таа, исто така, истакна дека јајцата се “хранлива храна и, иако оваа студија се фокусира на количеството што го јадеме, подеднакво е важно да обрнеме внимание на тоа како јајцата се подготвуваат” и не пропушти да нагласи дека клучот за здравјето е урамнотежена исхрана, наместо целосна исфрлање на одредени видови храна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button