Реклама
Наши ѕвезди

Јавноста е збунета: Меган Маркл има сопруг и две деца во Америка, Џеј Ло е бодибилдерка

Реклама

Меган Маркл, многумина се уверени дека има две деца и со сопругот живее во сојузната држава Мисури во САД. Меѓутоа се работи за забуна. Имено, лицето за кое станува збор е Акеиша Ленд, 39-годишна домаќинка и мајка на две девојчиња.

Таа еден ден забележала дека на профилот на нејзината ќерка на Инстаграм има 160.000 пријатели. Воопшто не е чудно, зошто нејзината ќерка е преубава, а откако и убавата мајка почнала да се покажува на фотографиите, Инстаграм експлодирал.

https://www.instagram.com/p/B71PThrHLV4/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

Луѓе почнале и на улица да ја запираат мислејќи дека е Меган.

„Често ме споредуваат со неа, не само онлајн туку и надвор додека шетам, одам воцрква, во кино, во продавница… Непознати луѓе ми приоѓаат и ме прашуваат дали некој ми рекол дека личам на Меган, посебно во последно време откако ја носат рамна косата, вели Акеиша.

Маркетинг

Слична работа се случува и со Џанис Гереј – фитнес тренер која неверојатно личи на Џеј ло. Многумина латино дивата ја заменуваат со бодибилдерката зошто е познато дека Џенифер Лопез секогаш вежба. Џеј, како што сега ја викаат Џанис поради нејзината неверојатна сличност со пејачката на Инстаграм напиша:

„Значи сите ми пишувате дека секој има свој близнак и дека мојот е Џеј Ло? Значи прифаќам“.

https://www.instagram.com/p/B_RPFlNHJgD/?utm_source=ig_embed

Така веќе со години овие две убавици чести ги заменуваат, а еден од коментарите е дека Џеј Ло можеби претерала со вежбањето.

https://www.instagram.com/p/B8oz3papQjz/?utm_source=ig_embed

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button