Ѕирнете во луксузниот имот на Весна Змијанац – цела соба полна со скапоцени фустани и детаљ на ѕидот во кој сите гледаат
Познатата пејачка покажа како изгледа нејзиниот дом.
Познатата фолк-пејачката Весна Змијанац покажа како изгледа нејзиниот луксузен дом во Букуља кој е опкружен со земја со големина од 6 хектари.
Иако на почетокот нејзината идеја беше да направи куќа која ќе биде „мала и шумадиска“ очигледно дека нејзиниот план наскоро се променил.
Но тоа очигледно сега не и пречи, затоа што додека другите се затворени во своите 4 ѕида во становите, таа ужива максимално во магијата на нејзиниот прекрасен дом.
Во куќата преовладуваат мирни бои и дрво, а Змијанац сакаше со мебелот и деталите да се постигне изглед на шумадискиот стил измешан со планинскиот.
Првото нешто што ќе го забележите кога ќе влезете е огромниот, прострен имот околу куќата.
Домот е полн со икони и е украсен со еден преубав, совршено направен камин.
Има и други слики и фотографии, а на едната од нив е самата пејачка од нејзините помлади денови.
Една цела просторија е претворена во соблекувална. Од фотографиите можеме да видиме дека голем број луксузни фустани на познатата фолк-дива се наоѓаат во оваа просторија.
„Куќата што ја поседувам е огромна, така што постојано и околу неа имам работа. Не е толку идилично како што делува, треба доста време за да се среди се. Веќе 25 години имам бавча која во главно сама ја средувам. Покрај тоа ги средувам и тревниците кои се огромни, големи површини се тоа. Но тоа не е ништо ново за мене бидејќи јас со годините навикнав така да функционирам“, вели познатата пејачка.
Таа откри и дека на гости често и доаѓа ќерката Николија Јовановиќ и зетот Реља Поповиќ, како и внуката Реа.
„Николија и Реља често доаѓаат на мојот имот и тука времето го поминуваат квалитетно. Внуката Реа се радува секогаш кога ќе дојде кај својата баба да ужива во природа и да игра во дворот.“
„Во природата сите се чувствуваме најдобро. И на нив, како и на мене, секогаш ми е подобро кога сум надвор од станот“, вели Весна, а пренесе српскиот портал „Glossy“.