Ѕирнете во дворот и куќата на Андријана во Бардовци – вистински рај, пејачката тука ги полни батериите
Една од омилените македонски пејачки често знае да ги отвори капиите од своето домаќинство и да покаже каки оазата во која ужива со семејството
Пејачката Андријана Јаневска е поприлично активна на социјалните мрежи каде можеме да ја видиме како ужива во природа.
Таа често знае да покажа и како изгледа нејзиниот двор кој го средила како рајска градина и во кој најчесто ужива.
Пејачката очигледно секој дел од ова место го средила со многу внимание и љубов, па сега ужива во благодатите на својот труд.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
И како што самата откри во една пригода, во уредувањето на дворот сите членови на семејството подеднакво учествуваат, така што ова место со годините тие го претвориле во вистинско парче од рајот.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Андријана и нејзиниот сопруг, гитаристот Драган Гиновски – Гино, живеат во куќа во населбата Бардовци заедно со нивните деца.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Целиот простор е опкружен со бројни садници и преубави цвеќиња, па семејството на ова место најчесто си ги полни батериите.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
И кога е најжешко, тука температурата е пониска со неколку степени, па тие преку викенд често знаат да направат и скара во дворот.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Во близина се Вардар и Лепенец, а глетката кон Водно и Скопска Црна Гора го прави ова место да биде уште поубаво.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Потсетуваме, пејачката овие денови имаше и една убава причина за славење во својот дом која што ја сподели со сите.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Имено, нејзиниот син Димитар наполни 13 години, па Андријана објави една нивна заедничка фотографија и напиша емотивна порака со која на својот наследник му го честиташе овој посебен ден.
Повеќе за ова прочитајте тука…