Реклама
CelebrityНовости

Ѕвездата на Југославија прослави 60 години, 40 години кариера – погледнете како изгледаше Лепа Брена низ годините!

Реклама

Ѕвездата на поранешна Југославија наполни 60 години.

Покрај кариерата, најголема среќа во животот на популарната пејачка е хармоничното семејство, полно со љубов,кое меѓупрвите и го честитаа роденденот.

Маркетинг

Својата кариера ја започнала во 80-тите години на минатиот век.

Маркетинг

Секогаш чекрела мудро и за секој потег размислувала, па старите генерации ја памтат како една пејачка која во време на Југославија во емисиите коментирала за економските кризи или политичката ситуација.

Нејзиното мислење пред народот во тоа време многу значело.

Погледнете како ѕвездата на Југославија се мнувала во текот на годините:

 

 

 

 

 

Љубовната приказна на Лепа Брена 

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се венчале на 7-ми декември 1991-ва година, а на свадбата присуствувале околу 600 гости.

Најпопуларната пејачка на Балканот и познатиот српски тенисер скоро 30 години се во брак, а тогаш нивната свадба беше прогласена за свадба на векот.

Ваквата свадба чинела тогашни 50.000 германски марки. Сепак, имало мали несовршености. Имено во салата каде што требало да се одржи самата свадбена церемонија, неколку часа претходно пукнала цевка, така што целата веселба се префрлила во друга сала.

Љубовната приказна на Лепа Брена и Слободан Боба Живоиновиќ започнала во 1986-та година, и двајцата велат дека имале впечаток дека судбината ги споила.

– Кога се сретнав со Боба, ми се допадна неговата спонтаност и искреност и знаев дека исто како јас нема многу време за губење, бидејќи нашите кариери тогаш беа во својот зенит.

Си реков – сега или никогаш! Се сеќавам, се сретнавме по премиерата на првиот дел од филмот „Hajde da se volimo“ во Домот на синдикатот.

Не запозна Рака Ѓокиќ. Се прегрнавме иако претходно не сме се сретнале, барем не во овој живот, но почувствувавме нешто што не го доживуваат сите, убавина на средбата и енергија посилна од се – раскажува Брена за zena.blic.rs.

Поврзано

Back to top button