Оливија Њутн-Џон (70) ѕвездата од филмот „Брилјантин“,е во четврта фаза на карцином на дојка.
Таа се бори со тоа неколку години, а во ноември минатата година болеста се врати по третпат, аи проширен е и’ на ‘рбетот.. Актерката рече дека не сака да знае колку време ѝ останало, но и дека шансите за заздравување се мали.
Откако „National Enquirer“ тврдеа дека „Оливија е пуштена од болница за да почине дома“, друг медиум, „Radar Online“ известува дека „телото на актерката се гаси, но дека таа ќе го негира тоа дека не ја види ќерка си Клои како се венчава“. Австралискиот сајт пак „Now to love“, тврди додека на Оливија и останале само уште неколку недели живот.
Јас живеам со тоа. Кога ви е дијагностициран карцином или ви е лоша дијагнозата, обично ви даваат одреден временски период, тие ви кажуваат уште колку време ви останува“, вели оптимистичната Оливија.
Актерката се занимава со собирање средства за истражување на ефектите од канабисот врз ракот. Таа дома во Калифорнија и самата одгледува марихуана затоа што ѝ помага во нејзините симптоми.