Реклама
Наши ѕвезди

Ѓулсерен од „Парампарче“ ги шокираше Турците со својата ИСКРЕНА ИСПОВЕСТ: Нургул распали по својот поранешен колега

Реклама

Познатата турска актерка Нургул Јешилчај, која нашите гледачи ја гледаа како Ѓулсерен во хит серијата „Парампарче“, поради својот огромен талент ја нарекуваат „жена со илјада лица“.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Нургул Јешилчај (44) важи за една од најпознатите турски ѕвезди, а нашата публика ќе ја памти по серијата „Парампарче“.

Таа е родена во Афионкарахисар, град во средишна Турција и заврши глума на државниот конзерваториум Анадол во Ескишехир. Откако дипломираше на конзерваториумот, таа одигра две главни улоги во театарските претстави настанати според познатите дела. Па така таа го глумеше ликот на Офелја во „Хамлет“ и Блачне во „Трамвајот наречен желба“.

Маркетинг

Актерката веднаш откако ја заврши академијата го зема уметничкото име Јешилшај што во превод значи „зелен чај“.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Нагрул во 2001 година дебатира во филмот „Sellale”, и од тогаш нејзината кариера се движи по угорна линија.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Има добиено бројни награди меѓу кои и онаа за најдобра актерка на 45-от „Antalya Golden Orange Film Festival“.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

„Ја работам работата што ја сакам. Настојувам да се фокусирам на моментот во кој живеам и уживам во секој од нив.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

„Човекот добива поголемо задоволство кога ќе се реши од проблемите и грижите за иднината“, ќе истакне во една пригода Нагрул.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Но и покрај тоа што зборува за својата работа со љубов, сепак постојат и тешки моменти, а вниманието на јавноста го привлече со случувањата за време на снимањето на серијата „Туѓ живот“, во кој толкуваше една од главните улоги. Наргул се збогуваше од својот лик и од останатата екипа, а се шушкаше дека проблемите настанале заради несогласувањата со колегата, актерот Еркан Петекај (50) кој во серијата го глумеше нејзиниот љубовник.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Познатата актерката тогаш јавно во медиумите откри дека не сетот доживеала мобинг. Имено, Еркан е конзервативен кон жените и барал повеќето романтични сцени да се снимаат со помош на монтажа, а не со вистинска глума. Како што пишуваа турските медиуми, тој на Јешилчај отворено и кажувал дека би сакал да ги снима со неа сцените во кои се бакнуваат.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

„Немав намера во јавноста да излезам со оваа приказна бидејќи од серијалот заминав по 52 та епизода, патиштата ни се разделија и тука за мене беше крајот. Но Еркан јавно го валкаше моето име и изнесуваше лаги кои не можев да ги премолчам. Еркан уште во првата сезона зборуваше дека не може да го глуми мојот љубовник, а кога му кажав дека тоа е само работа и дека на мене не ми е проблем да глyмам пpocтитyтка или лезбејка, тој ми се развика ‘Тоа е она што најдобро го знаеш“’, откри актерката.

Таа објасни дека зад впечатокот на добронамерен и семеен човек всушност се крие ce*cиcт, егоист и тиранин со султански манири.

Тој сепак ја обвини за непрофесионализам и дека на сетот доаѓала пиjaна и дека вyлгapно се однесувала. Како што пишуваа турските медиуми, во договорот на Еркан наводно постои клаузула дека актерот не сака да снима љубовни сцени за да не ја вознемири конзервативната турска јавност. Но на самите обожаватели на серијата, како и на поранешната колешка, тоа им беше смешно, а кога последен пат одбил да ги сними сцените со бакнување со Нургул, таа одлучила да ја прекине соработката, пишуваа медиумите тогаш.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

„Ви велам, се обидуваа да ме повредат и да направат жртва од мене. Тоа е така во Турција, ако си маж, можеш сé, но јас тоа не го дозволив. Ја напуштив серијата, и нека ме нарекуваат дива, но никој нема да ме омаловажува. Не можете да ја крунисате вашата машкост низ мојата женственост! Нема тоа да го дозволам. Едноставно не можам тоа да го дозволам“.

„Таа исто така истакна дека и пред тој инцидент имала проблеми на снимањето. Работев со многу актери како Озкан Дениз и никогаш немав проблем. Секогаш на време доаѓав на снимањето, но на Туѓ живот чекав и по осум часа. Едноставно не ме почитуваа и ја прекинав соработката“.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Шармантната актерка зад себе има голем број серии, а „Љубов и казна“ во која што ја глумеше девојката Јасмин која работи во маркетинг агенција, не и остана во добро сеќавање заради драмата низ која минуваше во тој период. Таа имено, додека ја освојуваше публиката со својот неприкосновен талент за глума, на љубовен план во нејзиниот вистински живот минуваше низ сериозни проблеми. Во тоа време и пропадна шестгодишниот брак со актерот Џем Озер (61) со кого го доби синот Осман Нејат кој денес има 15 години.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Во тоа време бев сред развод. Размислував како ќе се снајдам со мало дете и како ќе изгледа нашиот живот. Никогаш не се плашев повеќе од тогаш, Денес кога ќе размислам за поранешниот сопруг, јасно ми е дека не сме еден за друг. НО причините не се како што мислат многумина, разликите во нашите години, иако тој е 17 години постар од мене.

По светската премиера на филмот „На работ на небото“, во кој ја игра курдската убавица Ајтен, во Кан почнаа да и пристигнуваат понуди од сите страни. Но Нургул не го направи тој чекор и се откажа од кариерата во странство, а за таквата одлука пресудни беа приватни причини. Таа со поранешниот сопруг Џем Озер ќе се запознае на снимање. Тие заедно работеа на серијата „Ангелскиот остров“, а се венчаа неколку месеци по првата средба.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

По раѓањето на синот Осман потполно се повлече од јавноста. Но љубовта со колегата не траеше долго, а по разводот, Нургул во главно живееше во хотели и изнајмени станови, што и одговараше бидејќи често мораше да ги менува локациите заради снимањата, а синот го носеше секаде со себе.

Покрај титулата на една од најбараните турски актерки, Нургул е и една од најбогатите и толку ја почитуваат и ценат што хонорарите и ги исплаќаат однапред. Како што пренесуваат турските медиум, таа од една епизода заработува од околу 20.000 до 25.000 евра, но како што самата вели, парите никогаш не биле клучен фактор во изборот на улоги.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Таа до неодамна живееше боемски живот, се додека парите заработени од „Парампарче“ не ги вложи во недвижнини.

Најпрво купи куќа во Истанбул, а потоа и имот во близина на Бодрум. На тоа идилично место убавата актерка го спои убавото со корисното, и како стpacтен поборник за здрава храна, одгледува зеленчук и овошје.

Таа е позната и како прва турска ѕвезда што има снимено љубовни сцени со жена, а глумела и алкохоличapка. Позната е по тоа што може да го одигра на високо ниво секој лик без разлика дали станува збор за серија или театарска претстава, по што и го доби прекарот „жена со илјада лица“.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Но и покрај постојаните понуди таа во еден момент реши да направи пауза од актерството што во тоа време можеше да си го дозволи заради добро платените проекти што ги имаше претходно. И во тој период од една година таа беше на диета и ослабна седум килограми, но направи и естетски зафат и дозволи да и стават ботoкc во лицето.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Но нејзиното лице реагираше неочекувано и актерката заради тоа изгледаше како oтечена.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Таа отворено зборуваше и на оваа тема и истакна дека повеќе не планира да прави естетски зафати.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Инаку, Нургул е активна и на својот Инстаграм профил каде има преку 2.5 милиони фанови од целиот свет.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Погледнете некои од нејзините фотографии:

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button