Ѓорѓе и се развика на младата пејачка од Македонија, а Поповиќ веднаш реагираше! Според Цеца пак, таа изгледа како принцеза (фото)
Младата пејачка од Македонија, Андријана Петрушовска (21), даде сé од себе за да помине во следниот круг.
Шармантната пејачка во последната емисија од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ се натпреваруваше со Стојана Марјановиќ од тимот на Марија Шерифовиќ.
На крајот и двете натпреварувачки добија по пет гласови, така што резултатот беше нерешен.
„Што се однесува до кандидатката број еден, за неа немам никаква замерка. Преубаво изгледаш, многу добар репертоар, а што се однесува до кандидатката број два, на мене Александра Радовиќ ми беше полн погодок и затоа го доби мојот глас“, изјави пејачката Вики Миљаковиќ која реши својот глас да го даде за девојката од тимот на Шерифовиќ.
Цеца исто така ја пофали Андријана. Таа и кажа дека изгледа како принцеза од цртаните на Дизни, додека според Ана Бекута Петрушовска не беше спремна за овој круг
„Ти навистина си симпатична и фотогенична, но во овој момент можеби ова не е твој ден за пеење“, заклучи таа.
Тогаш се јави и нејзиниот ментор, Ѓорѓе Давид, кој овој пат воопшто не беше нежен кон својата кандидатка.
„Андријана, јас лично не сум задоволен, а знам дека не си ни ти, затоа што ова не си ти и не знам што ти се случи, посебно не во првата песна, која ти ја шиеше. Ова што ти го кажа Ана за првата песна, дефинитивно е во право“, беше искрен Ѓорѓе Давид во критиките кон својата кандидатка.
Андријана сакаше да се оправда така што изјави дека има голема трема, но тоа дополнително го изнервира Ѓорѓе.
„Тоа на мене како ментор не треба да ме интересира! Нема тоа да ти го простам, бидејќи ти си мој адут, не можеш да ме фаулираш и не можеш самата себеси да се фаулираш на овој начин, собери се те молам во баражот“, и порача тој и ги шокираше сите со начинот на кој и го кажа тоа.
„Зошто и викаш?! Не мораш да и викаш, можеш убаво да и кажеш!“, го прекина Саша Поповиќ, по што Ѓорѓе веднаш го смени тонот на својот глас: „Не сме да ни се случи ова, многу сум тажен…“
„Ја преплаши, бре! Што ти е, што викаш“, се вмеша Цеца.
Поповиќ потоа и посака среќа на натпреварувачката која на крајот сепак успеа да помине во следниот круг.
Инаку, Андријана Ани Петрушовска уште во првиот круг ги освои сите како со своите вокални способности, така и со својот неверојатен изглед со кој никого не остави рамнодушен. По нејзиниот настап во првиот круг Цеца не криеше дека беше воодушевена од неа, но и Ѓорѓе Давид кој потоа и стана ментор и ја подготви за следниот круг.
Петрушевска потоа и во вториот круг ги освои сите со својот настап и директно се пласираше.
Таа има 21 година и студира соло пеење, а како изгледаше на овие настапи, погледнете во продолжение…
Фото: Принтскрин јутјуб/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин јутјуб/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин јутјуб/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Интаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Принтскрин јутјуб/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Интаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Интаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Интаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Интаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Интаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Интаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Интаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Интаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Интаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Интаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Интаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Интаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Интаграм/ Андријана Петрушовска
Извор: Гранд.онлајн, Гламур