Ѓорѓе Давид скршен од болка по трагедијата – еве како тој зборуваше за Господ пред да се случи несреќата
По судирот на два автомобили, музичарот налета на жена која стоеше пред нив и ја покоси, и тоа додека нејзината ќерка беше во непосредна близина
Ѓорѓе Давид имаше сообраќајна несреќа во Македонија кога со автомобил покоси жена која им подлегна на повредите.
Пејачот по несреќата се најде во шок и во изјава за „Гранд“ откри дека минува низ пекол заради она што се случи.
Тој веднаш беше пренесен во болницата во Куманово, каде му беше сошиена раната на раката од страна на докторите.
Фото: Фејсбук
Пејачот потоа беше сослушан од страна на полицијата и документите му се одземени бидејќи треба да остане во Македонија.
„Никогаш во животот не сум удрил ни куче“, изјави Ѓорѓе за Гранд поприлично вознемирен од сето она што се случи.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, 192.рс
Потсетуваме, тој неодамна за истиот портал отворено зборуваше дека е верник и дека редовно оди во црква каде го пронаоѓа својот мир.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, 192.рс
Како човек што верува во Господ оваа трагедија многу тешко ја поднесува, па како што изјави самиот, минува низ пекол.
Инаку, тој неодамна за Гранд зборуваше дека е научен на Бога да му се моли не само кога му е тешко, туку и кога му оди во животот.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Едноставно да отидеш и да му се заблагодариш. Луѓето обично му се молат на Господ кога ќе бидат во проблем и да им го реши проблемот, а јас размислувам поинаку. Кога се решава тест, учителот седи и молчи тие 54 минути. Нема комуникации со него.“
„Секој пат кога имаме проблем тоа е одреден вид на тест, да се види како ние самите ќе се обидеме да го решиме проблемот. Јас тогаш не му се обраќам на Господ, по овој систем. Туку се обидувам да го решам тестот, па дури тогаш му се обраќам на Господ. И бидејќи секогаш сум му посветен на проблемот, јас тоа го решавам на радост. На крај одам во црква и ќе запалам свеќа, а тоа никому и не му го кажувам. Верувам во Бога, во таа некоја космичка енергија и правда. Црквата е место во која одам да се заблагодарам и верувам дека добро со добро се враќа“, изјави Ѓорѓе неодамна за Гранд.
Фото: Инстаграм
Потсетуваме, музичарот вчера околу 20 часот имаше сообраќајна несреќа кога покоси 49 годишна жена која им подлегна на повредите.
До несреќата дојде откако претходно автомобил управуван од жена влегол во спротивна насока на автопатот и се удрил во друг автомобил.
По некое време со својот автомобил налетал и музичарот кој немал време да закочи и ја прегазил сопатничката на жената која наводно ја предизвикала сообраќајната несреќа што се случила.
По несреќата музичарот беше префрлен во болницата во Куманово, а тешко повреден е и шоферот на другиот автомобил.
Повеќе за деталите околу несреќата прочитајте тука...