Вести

ПОЗНАТИОТ ПЕЈАЧ ОД ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД ИМАШЕ СООБРАЌАЈКА ВО МАКЕДОНИЈА? Во верижниот судар загина една жена

Advertisement

Поради густа магла, во саботата на 20 јануари околу 20 часот се случила сообраќајна незгода во која учествувале три автомобили.

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Куманово-Табановце.

Advertisement

– Во 20:30 часот во СВР Куманово е пријавена сообраќајна несреќа на автопат Куманово-Табановце во која учествувале три возила ,,голф”, ,,поло” и ,,опел”.

Едно лице починало на местото на настанот, а три лица се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Куманово. Во тек е увид, информираа од СВР Куманово.

Од Итната медицинска помош во Куманово информираа дека едно од повредените лица поради сериозноста на повредите е пратено на скопските клиники, а останатите две лица се задржани во Општата болница Куманово.

Музичарот Ѓорѓе Давид, член на жирито на Звезда Гранд, наводно учествувал во сообраќајна несреќа што се случила во Македонија.

Давид се враќал од Ѓевѓелија каде имал деловни обврски.

Несреќата се случила околу 20 часот, а според информациите од изворот Информер, во сообраќајката учествувале три возила: „Фолксваген Поло“, „Фолксваген Голф“ и „Опел Инсигнија“, за која постои сомневање дека управувал Ѓорѓе Давид.

Ѓорѓе Давид не одговара на повиците и пораките, пренесува „Информер“.

Инаку, чЧетириесет и деветгодишна жена од Куманово е жртвата во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Куманово-Таbановце на два километри пред граничниот премин Табановце, соопшти денеска полицијата.

Сообраќајната несреќа во која учествуваа три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки се случи вчера во 20 часот.

– Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово, информираше полицијата.

Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б. Т, а со телесни повреди Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button