Реклама
Наши ѕвезди

Ѓорѓе ДАВИД е добар човек, многу ја сака Македонија и кандидатите, во гепек носи МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ, вели водителката ВЕРА Мештеровиќ

На Александар Јосифовски тој му помогна да се одвикне од алкохолот,  се понесе како татко кон него го однесе во болница и го излечи. Му помогна и околу кариерата, вели Вера.

Реклама

По сообраќајната несреќа која се случи во Македонија, каде животот го загуби 49-годишна жена, животот на српскиот музичар Ѓорѓе Давид тотално му се промени.

За овој немил настан слушаме различни толкувања и мислења. За жал трагедијата се случи, а времето не можеме да го вратиме, едно семејство загуби млад живот, но кој е виновен за тоа?

Маркетинг

Ѓорѓе Давид уште вечерта самиот се јавил и пријавил во полицијата, тој и на официјалната пресконференција за јавноста се расплака и отворено зборува за тоа колку ова му го променило животот и дека ќе му треба време и кој зане кога ќе се соземе.

Пејачот како дете го загубли татко си во сообраќајна несреќа во која и тој бил учесник. Јас и не знаев за тоа, се до овој момент, тоа нему дополнително му создава таруми, открива во посткаст кај Лазаров, водителката Вера Мештеровиќ, која е и негов менаџер за Македонија.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Додека е истаргата во тек, Давид еднаш месечно треба да се пријавува во полицијата во Куманово.

Порталите пишуваа се и сешто, а никој не се запраша како му е на семејствот на Ѓорге. Тој е многу добар човек, посветен татко, неговата ќерка се вика Сташа и свири извонредно пијано. Неговата сопруга Ана е исто така прекрасна жена, тие се едно прекрасно семејство.

Но, тој мора да ја продолжи својата работа, тој има склучено договори за настапи, вели Мештеровиќ. Никој нема да го праша како му е и дали му се пее.

Мештеровиќ додава за тоа колку Давид им помага на кандидатите и по завршувањето на шоуто.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој многу ја сака Македонија, малкумина знаат дека тој во ѓепекот носи македонско знаме, на кандидатите им помага и откако ќе заврши шоуто, ги вика на негови настапи. На Александар Јосифовски тој му помогна да се одвикне од алкохолот,  се понесе како татко кон него го однесе во болница и го излечи. Му помогна и околу кариерата. Така е и со Славица, нашата победничка на „Ѕвездите на Гранд“, ден денес многу и помага. Сакам да кажам дека тој ја љуби оваа земја, рече Мештеровиќ.

Водителката додава сека е многу грижлив и чувствителен човек. Открива дека во автомобилот секогаш носи резерва конзерви за ако сретне по пат куче, маче  да ги нахрани.

Тој вака делува многу серизно и „страшно“ дека е  голем човек, тетовиран, а во суштина е многу мек по душа, кроток е и чувствителен. Тој не пие алкохол воопшто, спортски човек е, вели таа.

Мештеровиќ спомена дека во април оваа година тој треба да има голем концерт во Скопје.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button