Ѓорѓе Давив се врати во Србија: Сè уште е во шок, еве што најави за утре

Пејачот Ѓорѓе Давид доби дозвола да ја напушти Македонија по сообраќајна несреќа во која налета на жена која се движеше по автопат и ја усмрти.
Имено, Давид пристигна во Белград и за утре најави конференција за медиумите на која ќе ги открие сите детали поврзани со сообраќајната несреќа.
Според последните информации, прво се судриле два автомобили, „фолксваген поло“ со кумановски регистрации и „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички. Како што се посочува во соопштението, до судирот дошло кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопатот во спротивна насока.

„По тој првичен судир од автомобилот излегла сопатничката од возилото со кумановски регистрации и во тој момент на неа налетал автомобилот со српски регистарски таблички. Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала“, се вели во соопштението на обвинителството.
Рокерот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, на 20 јануари доживеа сообраќајна несреќа во која смртно прегази 49-годишна жена на ватопатот во близина на Куманово.
По несреќата, популарниот музичар мораше извесно време да остане во Македонија, а сега конечно е пуштен да се врати во Србија.
По трагедијата од која се’ уште не може да се соземе, Ѓорѓе Давид е подготвен утре да зборува за немилиот настан на прес-конференција и да раскаже како дошло до несреќата пред да излета од патот со својот автомобил, пренесува „Телеграф“.

Собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење за прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа“, се додава во соопштението цитирано од „Телеграф“.




