Ѓоко е најбогатиот фолкер меѓу пејачите, а ова е неговото БОГАТСТВО што Господ Бог му го подари (фото)
Пејачот за себе вели дека е најсреќниот човек на светот
Ѓоко Јовиќ со семејството на свадба
Познатиот пејач заедно со сопругата и синот и ќерата се појави на една свадба и сите четворица изгледаа како во филмовите.
Тие позираа насмеано, а шоуто на социјалните мрежи го украде неговата ќерка Теодора која блескаше во ова свое издание.
Имено, сопругата на Ѓоко, Ивана, за оваа специјална пригода избра преубава сина тоалета со шлиц до коленото и асиметричен горен дел, а фустан во иста боја, но со пократка должина и „зачинет“ со тил во истата нијанса носеше и нејзината наследничка.
Теодора е вистинска убавица, целата е на мама!
Тие и двете блескаа во ова нивно свечено издание, а дотеран од глава до пети беше и нивниот син Михаил.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Пејачот на свечената церемонија се појави во розово сако и со бела кошула, а во еден момент го зеде микрофонот и ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Инаку, популарниот фолк-пејач по потекло е од Валандово, а живее во Скопје со сопругата и четирите деца.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Покрај Михаил и Теодора тие ги имаат и синовите Јоан и Дарин, а најмалиот од нив се роди при крајот на 2021 година.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
За Теодора и Михаил веќе неколку пати истакнал дека го наследиле од него талентот за музика, а за Јоан и Дарин времето ќе покаже.
Инаку, Ѓоко е познат и како голем хуманист, а на неговите настапи досега безброј пати го вадел „куферот на хуманоста“ во кој собира донации за оние на кои помошта им е најпотребна во тој момент.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
„Не можев ниту да помислам дека ова што го правам ќе предизвика голем интерес во јавноста. Целото внимание и благодарност според мене, му припаѓа на Бог, јас само го правам тоа што најдобро го знам и умеам – пеам. Кога веќе сум во таа позиција да можам да го поттикнам народот на хуманост и добрина, нормално е дека ќе го правам тоа“, изјави познатиот пејач своевремено.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
„Голем верник сум, Бог ми дал дарба за музика, а тоа што настапите ми добија хуманитарен карактер го гледам како нешто кое не треба да изненадува. Секој кој може да помогне некому, на било кој начин, не треба да се двоуми“ раскажа Јовиќ тогаш за „Фокус“.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Инаку, Ѓоко за своето многудетно семејство во една пригода ќе изјави дека е голем верник и дека Бог му ги подарил четирите прекрасни дечиња и сопругата која секогаш има неверојатно разбирање за него и децата.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Како што самиот вели, животот не му бил секогаш наклонет, но сега е успешен човек, горд татко и сопруг, така што за себе слободно може да каже дека е најсреќниот човек на светот.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
А дека тоа навистина е така може да видиме и од неговиот Инстаграм каде гордо објавува фотки од своето среќно семејство.
Некои од нив погледнете во продолжение…