Реклама
Вирално

Шoк фотографија од Езерото Треска од 80-тите години – луѓето во МАКЕДОНИЈА тогаш изгледале многу поразлично од сега

Реклама

Неодамна на една Фејсбук група на социјалните мрежи беше објавена една стара фотографија од Езерото Треска.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм Југоегзотика

Во прашање е фотографија од 80-тите години на минатиот век кога скопјани се релаксираа покрај езерото.

Во коментарите веднаш многумина се присетија на убавите времиња, кога ова место беше уредено како што доликува и луѓето уживаа во него. Целиот комплекс беше изграден во 1978 година од самопридонес на жителите на Скопје, и свечено беше отворен лично од Јосип Броз Тито.

Маркетинг

Тоа за скопјани беше дестинација за релаксирање цели 20 години, се до 98-та година, кога е затворено за капачи заради загаденост на водата.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Но покрај носталгијата на стари скопјани и критиките што ниту една власт од тогаш не успеала да му го врати стариот сјај на ова место, кога е во прашање оваа фотографија, многумина забележуваат и нешто друго.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм Југоегзотика

Имено, луѓето на фотографијата изгледаат многу поразлично отколку денес. Како што забележува еден корисник на социјалните мрежи луѓето тогаш воделе многу поздрав живот, па затоа и изгледаат поразлично. Храната била далеку поздрава, а не полна со хормони и најразлични хемикалии како денес, па луѓето тогаш биле послаби. За разлика од тогаш, денес луѓето се многу подебели, додека на фотографијата сите изгледаат како манекенки, како да е во прашање некоја реклама, а не еден обичен ден покрај езерото.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Но тоа е затоа што денес сите се исхрануваме многу полошо и многу помалку се движиме, а со самото тоа и имаме проблеми со вишок килограми. И ние не сме единствените во тоа. Овој проблем е присутен во целиот свет така што истражувањата покажуваат дека денес повеќе од 800 милиони луѓе во светот имаат проблем со килограмите, а Американците најмногу.

Но ситуацијата и кај нас во последно време е многу влошена кога е во прашање прекумерната тежина и последиците од неа. Нездрава храна и малку движење допринесуваат до нарушено здравје, така што се поголем е бројот и на граѓани во Македонија кои што ги имаат овој проблем.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм Југоегзотика

И затоа денес, и кога повторно би го имале езерото, би ни недостасувало нешто што можеби е и многу поважно, а тоа е здравјето.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Токму затоа и коментарите во врска со овој проблем на социјалните мрежи не ретко го покренуваат и прашањето која е поврзана и со тоа дали промоцијата на „плус-сајз“ манекенките и големите облини воедно дало и оправданост прекумерната тежина да се смета за здрава.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм Југоегзотика

Кога килограмите ќе почнат да предизвикуваат здравствени проблеми, тоа секако дека е сериозен проблем и треба да се реагира. Исто така и не треба да се претерува со теретана и да се користат сите оние производи во прав кои изгледаат како моментално добро решение за брзо слабеење, но кои исто така можат негативно да се одразат по нашето здравје, посебно кога се во прашање бубрезите и црниот дроб.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм Југоегзотика

И затоа секогаш треба да бараме алтернатива за нездравите навики и здравјето да ни биде приоритет.

Бонус галерија

Какви фармерки се носеле во Југославија?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button