Шoк објава на македонската Гранд ѕвезда што го освои Балканот – cкaндалoзните вести никого не оставија рамнодушен, па ни неа!
Во претходната сезона Македонката Марија Груевска беше една од највпечатливите пејачки во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа деновиве го објави и сојот прв спот кој за кратко време стана хит во регионот и го има на сите трендинг листи.
Марија работеше речиси половина година на својот проект, но како што вели самата, трудот и се исплатеше.
Таа не крие дека „Ѕвездите на Гранд“ и донесоа голема популарност, посебно во нашата земја.
„Луѓето ме препознаваат, се сликаат со мене. Не можам да отидам до продавница без шминка бидејќи знам дека некој ќе ме слика“, раскажа Марија во емисијата „Гранд магазин специјал“.
Инаку таа деновиве ја имаше можеби и првата непријатност што е поврзана со нејзината популарност.
Некои медиуми објавија нешто што очигледно ја погоди младата пејачка, па таа реши да ги демантира истите.
Еве што напиша таа тогаш:
„Со оглед на тоа дека и порталите се медиуми без кои секоја јавна личност тешко би просперирала, сакам да се заблагодарам на секој медиум.“
„Но во оваа прилика сакам да ја демантирам лажната вест за моја изјава во која наводно посочувам дека би се coблекла и гoла, ако е во прашање мојата кариера“.
„Сакам јавно да кажам дека никогаш ниту сум мислела, ниту пак сум изјавила такво нешто. Свесна сум дека еден дел од читателите нема да го прифатат мојот демант и понатаму ќе ме посочуваат со погрдни зборови, но чувствував потреба јавно да посочам дека се работи за лажна вест“.
„Дали е тоа направено намерно или не, не навлегувам, но сакам да се знае мојот став. Ви благодарам на сите“, напиша таа.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска