Реклама
Вирално

Штркот Клепетан и се врати на Малена – цела вечер водеа љубов

Реклама

Нивната љубовна приказна трае цели 17 години

Штркот Клепетан веќе со години се враќа во гнездото на својата Малена, која е со скршено крило, но досега тоа редовно се случуваше измеѓу 24 и 28 март.

Маркетинг

Оваа година Клепетан и се врати на Малена порано од кога било досега

„Тој се врати во понеделникот во 15 часот, имаше 7 што лета заедно. Во 15 часот од нив некои се спуштија долу, јас веднаш бев да ги проверам. Подготвив речиси килограм месо и им го однесов таму. Еден веднаш се оддели и дојде кај мене, па реков: ‘Ох, Клепетане, тоа ти си!’ Бев изненаден бидејќи тој секогаш доаѓаше последен, околу 24 март, а понекогаш се случуваше да дојде и подоцна. Претпоставувам дека тоа е така поради времето. Инаку, неговиот потомок дојде уште во четвртокот “, изјави за хрватскиот Индекс Стјепан Вокиќ, пензионираниот домар од Бродски Варош, кој со години се грижи за Малена кога нејзиниот партнер, Клепетан, ќе замина на своето далечно патување.

Фото: Ивица Галовиќ. Пиксел

„Тој стоеше цело време на игралиштето додека не изеде сé, а потоа отиде до неа. Штракаа и штракаа, па легна во гнездото, тоа веројатно е неговиот поздрав, па малку одеше… Цела ноќ ја поминаа заедно. Таа не е навикната да биде надвор, се уште е студено за неа, но кога може Клепетан, може и таа. Се бакнуваа весело со клуновите, падна и парење, и тоа неколку пати. Среќни се тие, среќен сум и јас“ вели Стјепан поради кого и оваа љубов трае веќе со години.

Маркетинг

 

Имено, љубовната идила на Клепетан и Малена трае цели 16 години, а заедно имаат пораснато повеќе од 50 птици.

Штркот Клепетан во гнездото на својата Малена, која е со скршено крило, се враќа од 13 илјади километри долг пат од југот во Африка. Тој досега редовно се враќаше измеѓу 24 и 28 март, а понекогаш, но многу ретко, и подоцна. Ова е прв пат да се врати толку рано.

https://www.facebook.com/thedodosite/videos/1803441503088299/

 

 

„Ми преостанува да одам во риболов, иако сега е тоа малку проблем бидејќи е студено и рибата, тамо каде што ја има, се држи до дното. Од друга страна и каналот е се помал, па ќе има работа и за Клепетан да се прехрани себеси и Малена, која сега има 32 години, но и младите кога ќе дојдат на овој свет. Но тој го знае тоа, ќе биде се во ред“, заклучува Стјепан.

Поврзано

Back to top button