Што се случува со Цеца и Богдан откако објавија дека се разделуваат – МНОГУМИНА се шокираа кога оваа вест исплива во медиумите
Цеца и Богдан се разделија во февруари минатата година…
Фановите на Цеца Ражнатовиќ беа воодушевени и го следеа секој детаљ од нивниот љубовен живот, но за жал нивната врска не траеше долго…
Многумина беа воодушевени кога Цеца откри дека е во врска, но и поприлично шокирани кога објави дека повторно е сама.
Пејачката точно пред година дена ги шокираше сите кога откри дека повеќе не е со Богдан Срејовиќ.
Тогаш многумина беа воодушевени и го следеа секој детаљ од нејзиниот љубовен живот, но за жал и оваа врска на пејачката не траеше многу долго.
Тие се разделија во овој период минатата година, односно точно на 2 февруари кога објавија заедничко соопштение.
Тогаш многумина беа поприлично изненадени од оваа нивна ненадејна одлука посебно што за приватниот живот на пејачката јавноста отсекогаш се интересирала, и посебно за нејзините емотивни партнери.
Таа откако остана вдовица многу ретко зборуваше што и се случува на љубовен план, се додека не се појави Богдан во нејзиниот живот. Тие неколку месеци уживаа во нивната врска, а Вељко и Анастасија, децата на популарната пејачка одлично го прифатија нејзиното ново момче.
Така беше и со ќерката на Богдан, Искра, која што ја има тој со Зорана Тасовац, девојката на Саша Ковачевиќ.
Но точно на 2 февруари тие објавија заедничко соопштение:
„Повеќе не сме во врска, но ќе останеме пријатели до крајот на животот“, пишуваше во објавата што разочара многумина.
Цеца веднаш по разделбата замина на Малдивите, додека Богдан остана во Белград со семејството.
Нивните заеднички фотографии се уште се вртат во медиумите, иако тој неодамна на Инстаграм се пофали со нова девојка.
Што се однесува до Цеца се уште не е познато дали има некој во нејзиниот живот, иако секојдневно е во медиумите.
Таа е актуелна како заради „Ѕвездите на Гранд“, така и по емисијата „Цеца шоу“ кое се снима во нејзиниот дом.
Но Цеца својот емотивен живот повторно го крие како змија нозете, а многумина сметаат дека по „бродоломот“ со Богдан најверојатно ќе треба да помине подолго време пред таа повторно да открие дали е во врска и со кого е.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм