Што се случува со струмичани, растураат на сцената во Белград?! ГОЛЕМА РАДОСТ и за цела Македонија
Павле Трајанов на своите сограѓани им донесе „дупла круна“
Ова никој не го очекуваше
Откако пејачката од Струмица, Славица Ангелова, потполно неочекувано го освои првото место во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, многумина почнаа да шпекулираат дали ќе може и нејзиниот постар сограѓани, Павле Витанов, по само една недела, исто така да победи на големата Гранд сцена, во шоуто „Никогаш не е доцна“.
Но токму тоа и се случи, а Павле кој за време на натпреварот ги воодушевуваше публиката и жирито со своите настапи во популарното шоу за ветерани, благодарение на гласовите беше еден од победниците.
Маркетинг
Имено, тој доби најголем број гласови преку социјалната мрежа Фејсбук така што беше еден од тројцата победници во шоуто.
Со оваа победа тој успеа да го донесе и вториот трофеј од големата Гранд сцена во градот во Македонија кој брои околу 35.000 жители.
Инаку, Павле пред скоро 10 години си ја проба среќата и во Ѕвездите на Гранд, но тогаш не помина ни од далеку како сега.
Тој беше во ова шоу во 2014 година, кога имаше 43 години, а тоа искуство го натерало да се пријави и во „Никогаш не е доцна“.
„Во ‘Никогаш не е доцна’ нема лоши зборови, се е емоција и луѓето уживаат да ја гледаат емисијата“, изјави Павле по победата.
Инаку, покрај Павле, во шоуто оваа година беа прогласени уште двајца победници – Петар Спасојевиќ, кој победи според одлуката на стручното жири, и Сабина Калтак, која победи според СМС гласовите.
Петар својата награда ја посвети на неговата сопруга која што почина за време на натпреварот, а заради која и се пријавил во шоуто.
Фото: Фејсбук/ Павле Витанов
Фото: Фејсбук/ Павле Витанов
Фото: Фејсбук/ Павле Витанов
Фото: Фејсбук/ Павле Витанов