Што се случува со бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ? Контроверзната пејачка конечно ја откри вистината!
Јелена Карлеуша и покрај бројните афери и гласини дека се разведува, своето семејство секогаш држи на страна.
Популарната поп пејачка за својот сопруг Душко Тошиќ многу ретко зборува во јавноста, а медиумите забележаа и дека не се следат на Инстаграм.
Но постои и нешто што пејачката не може да го сокрие, а тоа е дека нејзиниот брак всушност е цврст како карпа и дека не може ништо да го сруши.
Имено, контроверзната дива неодамна најави дека ќе настапува на плоштадот во Белград за Нова Година, заедно со колешките Марија Шерифовиќ и Сара Јо, и ова ќе биде првиот настап во нејзината кариера за сите граѓани.
Како што и самата спомна овие денови, ова воедно е и прилика нејзините ќерки Атина и Ника да ја запомнат во посебно издание, но откри и што планира да прави нејзиниот сопруг за најлудата ноќ во годината.
„Мислам дека Атина и Ника се уште не се свесни што се случува, и дека дури еден ден ќе знаат што значи нивната мајка да пее пред Собранието. Кога еден убав ден ќе ги погледнат снимките и сликите од таа вечер ќе можат да бидат горди на својата мајка. Не гледам зошто Душко не би бил тука, тој сега ја заврши кариерата и го има целото време на овој свет да биде прес Собранието“, откри популарната балканска дива во своето интервју за магазинот „Стори“.
Инаку, медиумите неодамна пишуваа дека бракот на познатата пејачка плови во несигурни води, а како доказ за нивните проблеми тоа го наведоа тоа што на социјалните мрежи Душко не ја следи својата сопруга.
Последна заедничка фотографија што Душко ја има на својот профил на Инстаграм е од 2016, па многумина се прашуваат зошто е тоа така.
Јелена неодамна реши да стави точка и на овие шпекулации и откри што навистина се крие зад тоа што не се следат на Инстаграм.
„Тој одлучи дека не сака да се нервира, ниту да гледа она што го објавувам на Инстаграм. Не сака да знае, не сака да види“, изјави пејачката.
„Ме запозна како примерна домаќинка која никогаш не се облекувала провокативно и тогаш се случи неверојатна промена“, се пошегува таа на своја сметка.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
ka
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша