Реклама
Наши ѕвезди

Што се случува на имотот на Викторија и Дејвид Бекам, соседите реагираат поради градежната машинерија

Реклама

Во жижата на јавноста одново се најде познатата британска двојка Дејвид и Викторија Бекам откако медиумите објавија дека сопружниците сакаат да изградат тунел во случај на бегство или грабеж на нивниот имот „Костволдс“.

Еден од соседите тврди дека Викторија и Дејвид со реновирањето на својот имот ќе го уништат изгледот на целото подрачје.

Маркетинг

„Фармите и земјоделските згради немаат куќички и безбедносни колиби. Новиот изглед на нивниот имот потполно ќе го наруши селскиот амбиент на подрачјето“, рече видно бесен сосед.

Брачната двојка на овој потег се одлучи откако минатиот месец домот на англискиот фудбалер Делеа Алија го нападнаа крадци, кои меѓу другото на фудбалерот му се заканувале со нож.

Маркетинг

За да избегнат слично сценарио, сопружнциите одлучиле да го преуредат имотот кој го користат за одмор и да изградат тунел за бегство како и да ја зголемат безбедноста околу куќата што значи и да изградат модерен простор за видео надзор и обезбедување.

Според британските медиуми, Викторија и Дејвид Бекам станаа сопственици на нов имот – луксузен стан сместен во еден од највисоките облакодери во Мајами. Во прашање е зграда наречена „One Thousand Museum” дизајнирана од познатата архитектка Заха Хадид – ова е последниот проект на кој таа работела цел живот. Изградбата на овој навистина специфичен облакодер, кој се протега на 62 ката и висина од 215 метри, беше завршен минатата година.

Бекамови решија да купат нов имот, бидејќи ќе поминуваат сè повеќе и повеќе време на Флорида.

Сопружниците Бекам, придружувани од нивните синови Ромео и Круз и нивната ќерка Харпер, го разгледувале станот минатото лето во потрага по нивниот нов дом. Најверојатно, овој модерен стан ги исполнил сите нивни критериуми, така што тие издвоиле 24 милиони долари.

Достапните фотографии од станот сугерираат дека во прашање модерно украсен стан, со бели и сиви тонови и рафиниран дизајн во ентериерот. Особено шармантни во овој отворен простор се големите прозорци кои овозможуваат навистина зачудувачки поглед на градот. Станот има неколку простории за релаксација и семејно дружење, а има и просторен балкон опремен со модерен асиметричен мебел.

Покрај луксузни апартмани, овој облакодер на горниот кат има и голем заеднички базен со панорамски поглед и место за сончање, а тука се наоѓа и спа, салата за вежбање, фризерски и козметички салон и бар со здрави пијалоци. На врвот е и хелиодромот кој може да му помогне на Бекам да ги избегне несакани средби со папараците.

Поврзано

Back to top button