Реклама
Вирално

Што се случува во овие две европски земји: Болниците преполни, нема место за пациентите на интензивна нега

Реклама

Постојано растечкиот број на заболени од коронавирус веќе ги има своите последици врз капацитетот на болниците во Виена.

Водечката ковид клиника СМЗ Сид (Кајер Франц Јосеф Спитал), веќе е полна со пациенти на Интензивна нега.

Маркетинг

Во таа болница повеќе нема место за ковид пациентите на интензивна нега, па новозаболените сега ги префрлаат во други, за нив предвидени болници.

Во Виена стојат на располагање 550 кревети на интензивна нега со респиратори, а дополнително се предвидени 2.200 кревети за ковид пациентите на кои не им е потребен респиратор.

Маркетинг

Градските власти укажуваат дека бројот на кревети за ковид пациентите може да биде и зголемен во случај на потреба.

Во Германија пак, бројот на заболените од коронавирус е зголемен за 2.297, на 270.070, покажуваат денешните податоци на Институтот за заразни болести Роберт Кох.

Од коронавирус починаа уште шест лица, а од почетокот на пандемијата вкупниот број на починати е 9.384 лица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button