Реклама
Вирално

Што сакаше да каже таткото на Вања со овој потег? Ги запрепасти сите со она што го направи во судот

Беше донесен со лисици на рацете, а она што го направи пред камерите ги шокираше сите

Реклама

Не можеше да помине незабележано

Како што може да се види од снимката од судот, таткото на малата Вања која свирепо беше убиена направи нешто чудно.

Имено, кога тој беше донесен во судницата каде што имаше новинарски екипи во еден момент ги подигна и двата палци, како да сакаше некому да испрати порака дека е сé во ред, што се гледа и на камерата.

Маркетинг

Потсетуваме, таткото на убиеното девојче, Александар Ѓорчевски е еден од осомничените во злосторството што го потресе регионот.

Тој е осомничен дека на киднаперите им дал информации за тоа кога неговата ќерка ќе биде сама, за да биде грабната.

Маркетинг

Фото: Фејсбук

Ова тој го направил од користољубие, заедно со првоосомничениот кој во моментов е недостапен на органите на прогонот.

Според исказите на притворените лица тие имале намера да изнудат пари од мајката на девојчето која претходно имала продадено стан.

Информациите за движењето на Вања ги открил нејзиниот татко, а лицето кое што е првоосомничен, откако мајката пријавила во полиција, го усмртил девојчето, а потоа го закопале во селото.

Потсетуваме, Вања исчезна на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември во селото Бразда, во близина на Скопје.

За нејзиното убиство осомничени се пет лица, од кои и нејзиниот тако кој цело време негира дека е вмешан, а главен осомничен е Љупчо Палевски, познат како Палчо, кој во моментот се наоѓа во бегство и е недостапен за органите на прогонот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button