Што правите господине? – Еве, колам ЗАЈАК: Во Ново Лисиче среде парк усмрти животно (ВИДЕО)
На социјалните мрежи кружи видео кое го споделија од здружението „Анима Мунди“.
На видеото се гледа како возрасен маж кој зборува на дијалеткт брутално убива животно.
Нема ни страв ни казна за социопатите што малтретираат и убиваат животни, а нема ни крај на страдањето на животните во Македонија, велат од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“.
Човекот без око да му трепне на фреквентно место , едно од најраздвижените лоокации во населбата, градско парче, каде што минуваат и деца, се одлучи да го направи овој немил чин.
На прашањето што прави одговара дека коле зајак. Откако го прашуваат зошто го прави тоа не треба да се убиваат животни, човекот возвраќа дека зајакот бил повреден.
И покрај реакциите на некои поединци, животното е убиено од психопат, кој мртов ладен дојде со нож и обезглави живо битие. Најверојатно, се работи за миленик, кој имал повредена нога, па така наместо на ветеринар, заврши без глава“, се истакнува реакцијата на „Анима Мунди“.
Погледнете го целото видео ТУКА .