Реклама
Холивуд

Што носеше најубавата жена на светот на модната ревија на Шанел?

Реклама

Веста дека Моника Белучи се прошета сред Париз држејќи се за рака со нејзиното ново момче ја заобиколи планетата за помалку од 24 часа. Италијанската актерка со него се појави на најпосетуваната ревија што се случи во Градот на светлината, а во прашање беше последната колекција од легендарниот германски дизајнер Карл Лагерфелд за Шанел.

Маркетинг

Таа за ова пригода избра црни панталони со широки ногавици и црна блуза со длабоко деколте кое се наѕираше под синиот капут од твид, со потписот на Шанел, додека целото издание го заокружи со плико чанта.

Маркетинг

Но покрај чантата Моника целото време во рацете го држеше и 18 години помладиот вајар Николас Лефебвре.

Тие на ревијата на Шанел седеа во првиот ред и ова е прв пат откако познатата италијанска актерка се разведе од познатиот француски актер Винсент Касел, уште во 2013 година, во јавност да се појави со некој друг маж.

Проблеми со панталоните

Некои модни магазини забележаа дека прошетката низ дождливите париски улици резултираше со нечист раб на панталоните што ги носеше познатата модна икона. Но тоа то едноставно не може да е избегне кога е во прашање овој крој и лошите временски услови, па затоа и некои модни критичари сметаат дека ќе било многу подобро ако Моника избрала малку пократок модел на панталони.

Но затоа овој модел е паметно да го носиме кога времето е сончево, иако кога се во прашање потемните модели каков што фураше и една од најубавите жени на светот,  можеме да ги извалкаме дури и во идеални услови.

Што велите вие за ова издание на Моника?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button