Вирално

Што ни се случи, па заборавиме на нашите херои?

Advertisement

Навистина и јас не го знам одговорот на ова прашање

Advertisement

Но дали е бесмислено да размислуваме зошто толку народ гине во бесмислените војни. Секако дека не е и секако дека не смееме да го заборавиме. За кого гинеа сите оние млади јунаци кои во своите најубави години земаа пушки во рацете и наместо да уживаат во својот топол дом заминаа во шумите и горите да се борт за слобода? Но зошто многумина од нив заминаа во сигурна смрт? За кого гинеа и што ние научивме од сето тоа? Кога ќе ги видам во каква ситуација се спомениците посветени на загинатите во НОБ само една мисла ми иде во глава. А тоа е дека ние НИШТО, ама баш ништо не научивме! Во страшната војна и деца од десет па и помалку години го даваа животот за својот народ и за земјата, а што ние направивме денес? Како се одолживме на херојските подвизи на нашите дедовци? Па никако! Ние оваа земја ја уништивме, загадивме, растуривме, распродадовме, а го поделивме и народот. И што е најжално – заборавивме на жртвите. На хероите.

А со ваков однос кон минатото и пред се кон хероите, нема да имаме ни светла иднина!

Робин Худ Џуниор

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button