Што може да посака повеќе од ОВА: Александар Белов го покажа НАЈУБАВИОТ ПОДАРОК – честитки од сите страни
Македонскиот пејач ги живее најубавите моменти од својот живот и не ја крие среќата, а откри и кој е заслужен што така се чувствува.
Александар Белов својата музичка кариера ја започна уште додека беше многу млад.
Публиката го запозна со неговото учество во музичкото шоу „Операција триумф“.
Во „Операција триум“ беше главен фаворит на публиката на сите 13 гала вечери, но на крајот сепак заврши на третото место. Но, тука не запре се. Тој продолжи да ја освојува Македонија, но и да работи за српскиот пазар.
Се пријави и на македонскиот избор за песна на Евровизија и настапи со песната „Застани, солзи избриши“ чиј автор е Григор Копров. Александар заврши на осмото место.
Во целиот негов живот вели дека семејството му е најголема поддршка и утеха во тешките периоди. Вели дека семејството за него е се и нивните критики и пофалби најмногу му значат.
Неговото срце го освои убавата Јелена Станковиќ од Србија, поради која Белов одлучи да ја промени адресата на живеење и да се пресели во Србија.
По 9 години врска на далечина тие одлучиле љубовта да ја крунисат со брак и да почнат да живеат заедно.
Нивната свадбена веселба се случи во салата на ресторанот на елитниот хотел „Женева Лукс“ во Крагуевац, градот од каде потекнува и Јелена.
По неколку години брак, на Јелена и Александар им се случи онс што го посакува секој пар.
Имено, на 14 јануари 2022 година Јелена на свет ја донесе нивната прва ќерка, Мина.
Возбуден од убавите работи кои му се случуваат Белов не се воздржа и се огласи на Фејсбук.
„Никој не ни кажа дека тоа ќе изгледа вака. Никој и не можеше да ни каже. Ова е целиот наш живот, а нашата куќа стана дворец на среќата и љубовта“, напиша пејачот.
Деновиве во семејството Белов имсше нова причина за славење.
Александар наполни 35 години, па по повод неговиот роденден, тој и Јелена си направија мала роденденска забава.
Пејачот откри и кој бил неговиот најубав подарок годинава.
„А, што можам да посакам повеќе од ова? – Јас својот најубав животен подарок го добив“, напиша тој во опис на фотографијата на која позира со малата Мина.
ФОТО: Фејсбук / Александар Белов
ФОТО: Фејсбук / Александар Белов
ФОТО: Фејсбук / Александар Белов
ФОТО: Фејсбук / Александар Белов
ФОТО: Фејсбук / Александар Белов
ФОТО: Фејсбук / Александар Белов
ФОТО: Фејсбук / Александар Белов
ФОТО: Фејсбук / Александар Белов
ФОТО: Фејсбук / Александар Белов
ФОТО: Фејсбук / Александар Белов
ФОТО: Фејсбук / Александар Белов
ФОТО: Фејсбук / Александар Белов
ФОТО: Фејсбук / Александар Белов