Што мислите, дали Тамара намерно ја утна песната или во прашање е ненамерна грешка поради која цел живот ќе се кае?
И покрај извинувањето, многу корисници на социјалните мрежи се уште ја критикуваат Тамара Тодевска.
По настапот на Тамара Тодевска на прославата на националниот празник Денот на независноста во американската амбасада, кога пејачката ја испеа македонската химна, но без стиховите каде што се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански, реакциите и негативните критики на социјалните мрежи не стивнуваат. Фејсбук, Инстаграм и Твитер вријат од негативни коментари за пејачката, а има дури и барања Тамара да биде осудена за непочитување на државните симболи.
И покрај тоа што се извини за грешката која како што самата вели ја направила од преголема возбуда, револтираните корисници на социјалните мрежи и пишуваат негативни коментари со погрдни зборови. Од друга страна голем дел од јавноста се сомнева и дека воопшто не станува збор за грешка, туку дека по нарачка ја испеала македонската химна во „сечена и лепена“ верзија со цел да не ги навреди чувствата на Бугарите. Имено во последно време актуелна е и темата околу припадноста на Гоце Делчев, односно изјавите на бугарските политичари дека нашиот јунак бил Бугарин што во секоја смисла е далеку од разумот.
Тамара и тука не ја испеа целата химна
На социјалните мрежи и низ порталите денес можеше да се прочита и дека некои македонски медиуми по „грешка“ ги избришаа нејзините песни.
Што мислите вие – дали Тамара намерно ја згреши песната или едноставно направи гаф за кој долго време ќе се кае?