Реклама
CelebrityХоливуд

Што мислите, дали меѓу Бредли Купер и Лејди Гага има нешто?

Реклама

Од доделувањето на Оскарите постојано се зборува за тоа дали Ирина Шајк има причина да биде љубоморна поради односот на нејзиното момче Бредли Купер со Лејди Гага.

Овие гласини се раширија откако Гага ја прекина свршувачката со нејзиниот агент, Кристијан Карина.

Маркетинг

И шоуто можеше да започне – светските таблоиди почнаа да ги проучуваат сите детали – како на пример дали Шајк седнала меѓу Гага и Купер поради љубомора и каква беше нејзината прегратка кон Гага откако го доби Оскарот.

Маркетинг

Имено, по генијален перформанс додека ја изведуваа песната „Shallow” на доделувањето на Оскарите, гледачите од целиот свет беа заинтересирани гледајќи ја силната хемија што се случуваше помеѓу нив на сцената, поради нивните допири и страсни погледи кои, како што ни пренесуваат медиумите, не престанаа и откако сценските светла се изгаснаа. Бредли и Лејди Гага продолжија да се дружат и по доделувањето на наградите, а добро информирани извори велат дека Купер повеќе време поминал со Гага отколку со Ирина Шајк.

https://www.instagram.com/p/BsF8tjMn3l6/

 

Нивниот настап беше искритикуван од пејачката Мел Б поранешна членка на „Spice girls“ која на социјалните мрежи напиша: „Ова навистина беше премногу, многу ми беше жал за неговата девојка Ирина, особено на крајот кога се доближија еден до друг. Навистина ова се љубовни погледи .

https://www.instagram.com/p/Br6ZZVeHmD1/

 

 

Извори велат дека Купер поминал повеќе време со Гага отколку со Ирина. „Тие двајцата постојано си шепотеа, се допираа и гушкаа, а Ирина тоа го гледаше од креветот и не изгледаше среќна“, вели извор за странските медиуми.

https://www.instagram.com/p/BuVBbCSlNKL/

 

„Ништо не би можело да биде поспецијално од споделување на овој момент на Оскарите со вистински пријател и уметнички гениј”, напиша Гага, и објави фотографија на која е во прегратки со Купер на нејзиниот профил на социјалните мрежи. И бидејќи луѓето веќе се поделуваат на табори – едни корисници на социјалните мрежи се Купер да остане со манекенката Ирина, додека други навиваат за Гага – во која од овие две екипи припаѓате вие?

https://www.instagram.com/p/BuU-BZMFjDa/

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button