Што и порача Емина Јаховиќ на новата љубовница на турскиот милијардер Садетин Саран?
Модата не може да ве направи секси …
Емина Jаховиќ важи за една од најсексапилните пејачки од поранешните југословенски простори. Таа има префинет стил на облекување, а под една од нејзините последни фотографии на социјалните мрежи сподели мисла која е поврзана со модата, но и женскиот шарм.
„Модата не може да ве направи да бидете секси. Искуството ве прави сексапилни. Фантазијата ве прави сексапилни. Морате да тренирате на себе, да учите и да го живеете својот живот, напиша Емина на Инстаграм под фотографијата, а некои тоа го протолкуваа како порака упатена до турската Ким Кардашијан, моделот со кој заврши нејзиниот милијаредер.
https://www.instagram.com/p/Bu5zvO2nLNL/
Имено, Емина неодамна ја раскина романсата со богатиот турски бизнисмен Садетин Саран, а турските медиуми деновиве го поврзуваат со атрактивниот модел Метиша Шефер, со која тој наводно е во врска.
https://www.instagram.com/p/BuyHNuhHAA8/
Емина Јаховиќ два пати ја завршуваше оваа романса, а по се изгледа дека и тој ја заборави пејачката и утеха пронајде покрај убавата Метиша која поради својот изглед во светот е позната како турската Ким Кардашијан.
https://www.instagram.com/p/BtL9_JKjvAi/
Инаку, Метиша е модел и на Инстаграм има околу половина милион обожаватели од целиот свет.
https://www.instagram.com/p/Bsi6e5rDjlO/
https://www.instagram.com/p/BqNV5BhDfgd/