“Што и да правите во моментот, одморете, важно е само да сме живи и здрави”- Лила упати важна порака до своите фанови
Благодарна е поради лојалноста на гледачите...
Откако во март годинава откри дека успеала да ја победи подмолната болест, Лила Филиповска стана синоним за жена борец.
Имено таа се погласно зборува за својата борба со ра,кот со цел да им покаже на сите жени кои водат битка дека не се сами, дека постои светло на крајот од тунелот и дека со верба може да се избориме.
Таа секојдневно добива комплименти за нејзиниот нов имиџ, кој го негува отккао ја тргна периката. Лила важи за една од најпознатите дами во Македонија и веќе 11 години го води проектот “СЀ ИЛИ НЕШТО “ па по тој повод се огласи и на социјалните мрежи.
-Не знам што правите во моментов, но што и да правите седнете и одморете малку гледајќи “СЀ ИЛИ НЕШТО “ од 18h на Сител и така секој работен ден. И благодарам што веќе 11 години ова шоу ги руши сите рекорди на гледаност а така ќе биде и наредните години само да сме живи и здрави, напиша Лила.
Под фотографијата Лила доби низа комплименти а не изостанаа и коментарите дека таа е синоним за жена борец, професионалност и упорност.
Да потсетиме, Лила долго време криеше дека имала канцер, но неодамна, откако извојува победа над болеста, таа одлучи да проговори и со својата приказна да биде пример за сите останати кои се соочуваат со истиот предизвик.
Уште при откривањето на болеста одлучила да биде позитивна и да верува дека со сигурност ќе се ослободи од неа па успеа во својата борба.